Радев се жали на огромен притисок за укинување на бугарското вето | Северна Македонија | DW | 04.05.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Радев се жали на огромен притисок за укинување на бугарското вето

Според Радев, во моментов во Северна Македонија „беснее антибугарска кампања и се користат секакви механизми за лобирање и притисок врз Бугарија за компромиси“.

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска се пожали дека евроатлантските партнери вршат притисок врз Бугарија да го укине ветото за членството на Северна Македонија во ЕУ. На денот на одбележувањето на 119-годишнината од смртта на револуционерот Гоце Делчев, бугарскиот претседател е покровител на Националната конференција во спомен на Делчев.

Според Радев, во моментов во Северна Македонија „беснее антибугарска кампања и се користат секакви механизми за лобирање и притисок врз Бугарија за компромиси“. 

Историски проблеми 

„Притисокот е огромен и е парадоксален. За жал, притисокот е врз земјата-членка во најголем дел и помал дел врз земјата кандидат, но притисокот е поради неразбирање на длабочината на историските проблеми. Јас сум за отворање на вратата за почеток на преговори кога ќе видиме јасни гаранции за одржлив процес за заштита на нашето културно и историско наследство. Промената на Уставот и впишувањето на еден збор 'Бугари' заедно со другите делови од народот значи дека ја прифаќате европската идеја“, вели тој.

Радев смета дека европската перспектива на Република Северна Македонија нема алтернатива и е стратешка цел на Бугарија. Сепак, нејзината интеграција не може да се случи без претходно да се гарантираат правата на Бугарите во Северна Македонија и да се запре говорот на омраза. Тој на отворањето на конференцијата „Европска перспектива за добрососедски односи меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија“, рече дека Бугарија сака да ги реши спорните политички прашања со Северна Македонија пред почетокот на преговорите за членство во ЕУ, бидејќи во последните децении има многу случаи во односите во кои бугарската доверба не била оправдана од Северна Македонија. 

 

Поврзана содржина