1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Mazedonien-Namensstreit - Protest in Mazedonien
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/B. Grdanos

Протести против промена на името

28 февруари 2018

Македонија никому не ја даваме, Македонија никому не ја продаваме. Името на нашата држава е Македонија. Така било и така ќе остане, порачаа учесниците на синоќешниот протест пред Собранието во Скопје.

https://www.dw.com/mk/%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B8%D0%B2-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B8%D0%BC%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BD%D0%B5-%D1%98%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D0%BC%D0%B5/a-42765364

Неколку илјади демонстранти со знамиња на историска Македонија и државното знаме на снегот тргнаа од ЕУ Инфо Центарот и завршија пред Собранието. Пееја патриотски и народни песни, а скандираа „Македонија“ и „Заев предавник“. Дел од нив со себе носеа чадори, топла облека, но имаше и по некое шише ракија. Во првите редови на протестот беа Антонио Милошоски, Сотир Костов, Тодор Петров, владиците Агатангел и Петар, претставници на македонската дијаспора. Од претседателот на државата тие побараа амнестија за сите притворени и затворени за настаните во Собранието на 27 април, повикувајќи се на членот 11 од Законот за помилување, а повредените во настаните да ги повлечат тужбите.

Mazedonien-Namensstreit - Protest in Mazedonien
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/B. Grdanos

„Бараме итен крај на разговорите за името на државата. Отфрламе референдум за името. Ја повикуваме власта да се откаже од намерата за промена на Уставот, ја охрабруваме опозицијата да ги одбрани името и идентитетот на македонската нација. Тој аманет од историјата мора да го исполниме. Велепредавниците кога-тогаш ќе бидат извадени пред судот на народот. Отфрламе двојазичност затоа што ја руши унитарноста и ја менува етничката карта на Македонија“, порачаа учесниците. Тие рекоа дека го отфрлаат и договорот со Бугарија поради ревизија на македонската историја затоа што го негира постоењето на македонскиот народ.

Mazedonien-Namensstreit - Protest in Mazedonien
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/B. Grdanos

Митрополитот преспанско-пелагониски и администратор на Австралиско-новозеландската епархија, Петар, од протестот порача дека само Господ може да ја спаси Македонија.

„Само Господ може да ја спаси Македонија, во оваа ситуација кога сме понижени до тој степен. Ние самите да си направиме наше конечно и духовно и национално опстојување“.

Протести против промена на името

Читајте нѐ и преку апликацијата на ДВ за андроид

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Влада Северна Македонија

Пламенот на „Огнената група“ опасен и за владиниот кабинет

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница