Прокоцкана шанса за германскиот фудбал | Информации и анализи за Германија | DW | 31.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Прокоцкана шанса за германскиот фудбал

Паднуваш. Стануваш. Си ја наместуваш круната. Продолжуваш напред. Тоа е мотото на Германскиот фудбалски сојуз. Добра и убава парола, но тотално несоодветна ако се земе во предвид изминатава година, смета Сара Вирц.

„Се радувам конечно да го затворам тоа поглавје", вели менаџерот на Германскиот фудбалскиот сојуз, Оливер Бирхоф за фудбалската 2018 година. И навистина човек може само да се радува што заврши годината за германската фудбалска репрезентација. Но, може ли и едноставно така само да биде штиклирана? Скандалот со Ердоган, испаѓањето од Светското првенство уште во првата рунда, повлекувањето на Мезут Озил, срамната анализа на првенството презентирана на пресконференција, испаѓањето од А лигата на УЕФА, севкупно погледнато беше најлоша година во историјата на Германскиот фудбалски сојуз, а одговорните си тераат како и досега. За Бирхоф и селекторот Лев годината беше преполна со погрешни одлуки, од спортски, комуникациски и функционален аспект.

Една грешка повлекува други

Беше грешка главно да се смета на етаблираните играчи кои станаа прваци пред четири години. Беше грешка да се држи строго до утврдена тактика на игра. беше грешка да не се придава значење на темата Ердоган и Озил. Беше грешка да се смени само помошникот тренер, а себеси да се спасиш. Беше грешка толку да се чека со наголемо најавената анализа за првенството, која потоа беше толку штура и се одржа дури откако фудбалскиот сојуз соопшти дека Лев останува на својата позиција. Беше грешка и да не се направи веднаш голема промена.

DW Kommentarbild Sarah Wiertz

Сара Вирц, авторка на коментарот

Секој греши, па дури и одговорните лица во германскиот спорт имаат право на грешка. Но, толку многу грешки за толку кратко време да се отфрлат со таква ароганција и самобендисаност е неодговорност и требаше да има персонални последици. Следната година сѐ ќе биде подобро, ветуваат двајцата главни виновници.

Може да оди само на подобро

Секако дека ќе биде така. Не би можело да нѐ снајде полошо од ова. Веројатно Германија повторно ќе почне да игра добар фудбал, во земјата едноставно има премногу добри фудбалери и Лев сега веќе ги ангажира и Зиле, Вернер, Хаверц и Сане, наместо да се потпира исклучиво на Боатенг, Милер, Хумелс и Петерсен.

Изгледа дека почетокот е означен, макар и предоцна, но дали Лев и Бирхоф навистина ќе може да ја вратат старата слава на Германскиот фудбалски сојуз следната година? Задачите во новата година се малку поедноставни отколку во оваа: нема светско првенство, нема Лига на нации, а групата за квалификации на Европското првенство е со лесни противници. Одговорните лица мора да испорачаат резултати, за да може Бирхоф навистина да го затвори поглавјето.


 

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама