1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Nordmazedonien | Parlament | Dimitar Kovacevski | Premierminister
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Ковачевски повторно го отфрли францускиот предлог

ДТЗ
29 јуни 2022

Историските прашања не можат и не треба да бидат критериуми за преговарачка рамка и преговорите на Северна Македонија со ЕУ или која било друга организација, порача премиерот од собраниската говорница.

https://www.dw.com/mk/%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D0%B5%D1%80%D0%BE%D1%82-%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D1%87%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%BE-%D0%B3%D0%BE-%D0%BE%D1%82%D1%84%D1%80%D0%BB%D0%B8-%D1%84%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%86%D1%83%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BB%D0%BE%D0%B3/a-62304038

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска и од собраниската говорница порача дека францускиот предлог е неприфатлив за земјата и дека нема да дозволи јазикот и идентитетот да бидат предмет на преговори.

„Историските прашања не можат и не треба да бидат критериуми за преговарачка рамка и преговорите на Северна Македонија со ЕУ или која било друга организација. Преговорите со ЕУ мора да започнат со меѓународна конференција пред да бидат отпочнати измени на Уставот со цел внесување на Црногорците, Хрватите, Бугарите... да станат дел од преамбулата во Уставот. И ЕУ и Бугарија ќе достават гаранции дека нема да постојат понатамошни условувања во однос на нашиот процес“, рече Ковачевски одговарајќи на пратеничко прашање. 

Не треба да има предвремени избори 

Ковачевски одговарајќи на прашање на пратеникот Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ. беше дециден дека не треба да има предвремени парламентарни избори. „Во однос на националните интереси на сите граѓани, ние во моментов имаме Влада која се грижи за националните интереси, за достоинството на сите граѓани без оглед на тоа од која етничка, верска и национална припадност доаѓаат“, рече Ковачевски. Според него, тоа се случи и изминатиот период кога националните интереси на земјата, согласно одлуките и резолуциите донесени во ова Собрание беа застапувани од сите членови на Владата без оглед дали тие се Македонци, Албанци, Турци или од која било друга национална припадност. 

Nordmazedonien Der Präsident von Mazedonien Stevo Pendarovski  spricht im Parlament in Skopje
Премиерот Димитар Ковачевски пред пратениците во македонското Собрание ги повтори црвените линии во преговорите со БугаријаФотографија: Presidency of North Macedonia

„Тоа се потврди минатата недела кога на принципиелен начин ние ги искажавме нашите ставови пред сите наши партнери во ЕУ и пошироко. Меѓутоа, тоа не може да биде еднакво на однесувањето на опозицијата на Конгресот на Европските народните партии кога беше донесена резолуција во која се вградени барањата во однос на негирање на националниот и историскиот континуитет на Македонците и на тоа носењето на таа резолуција присуствуваше делегација на највисоко ниво на вашата партија. Никаде не видовме ниту прес-конференција во која сте се спротивставиле, ниту видовме записник, ниту говор, ниту нешто дека сте направиле против тоа“, им порача Ковачевски на опозициските пратеници. 

Премиерот вели дека лесно е некој да брани национални интереси дома. „Но, кога треба да се бранат националните интереси пред 27 земји, тогаш очигледно на некого му е тешко, а некој тоа мора да го направи како што јас, претседателот на државата и коалициските партнери го направивме“, рече Ковачевски. 

Милошоски го кани премиерот на комисиска расправа

Антонијо Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на седницата за пратенички прашања го праша Ковачевски дали би прифатил како претседател на Владата да присуствува на Комисијата за надворешна политика на расправа околу последниот предлог за кревањето на бугарското вето. На таа седница би биле поканети и поранешниот премиер Зоран Заев, шефот на дипломатијата Бујар Османи и неговиот претходник Никола Димитров. 

„Оваа седница би имала за цел да го разгледа оној предлог кој што вие го одбивте во Брисел, во форма таква каква што е и би имала за цел да направи една поголема кохезија кај сите политички групи во земјата за да имаме посилни позиции, да имаме помалку недоразбирања и да не се создава она кое вие некогаш го именувате како хистерија на експерти или кревање на тензија“, рече Милошоски.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Димитар Ковачевски македонското Собрание

Огнени кочии

Mazedonien Ljupco Popovski
Љупчо Поповски
Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми

Врати се на почетната страница