Први мај не е ден за скари, туку за протести
1 мај 2009Реклама
Македонската економија влегува во рецесија - драматично објави Народната банка на Македонија. Во март е забележан пораст на невработеноста од 5.5 насто, во однос на истиот период лани. Нема полоши и попесимистички информации, објавени на Први мај, денот на трудот.
Во вакви услови, македонските синдикати се затечени. Работниците на улица, тие во канцеларии. Лани за први мај шетаа низ скопскиот парк. На овогодишниот синдикален празник апстинираат и од тоа. Еден од главните синдикални лидери, Ванчо Муратовски, изјави дека донеле таква одлука поради актуелната ситуација и не сакале уште повеќе да ја дестабилизираат состојбата во земјата.
Повеќе на оваа тема можете да слушнете во прилогот подолу!
Автор: Александар Чомовски
Редактор: Трајче Тосев