1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Меркел предлага серија рестрикции од 4 ноември

БГ/ ДПА
28 октомври 2020

Поради рекордниот број на новозаразени од ковид, германската влада денеска пред сојузните покраини ќе претстави план со кој ќе се затвораат рестораните и баровите, а социјалните собири ќе бидат строго ограничени.

https://p.dw.com/p/3kX4O
Berlin | Bundeskanzlerin Merkel beim Integrationsgipfel
Фотографија: Fabrizio Bensch/dpa/picture-alliance

Денешната видео-конференција на канцеларката Ангела Меркел со премиерите на 16 сојузни германски покраини треба да усогласи серија мерки за ограничување на јавниот живот, откако бројот на новозаразени од коронавирус во последните 24 часа постигна нов рекорд.

Институтот Роберт Кох утрово соопшти дека во последните 24 часа биле регистрирани 14.964 нови случаи на коронавирус- највисока бројка уште од почетокот на пандемијата. Вкупно во земјата досега биле заразени 449.275 луѓе, а починале нешто над 10 илјади. 

- повеќе на темата: На Германија и претстои долга, тешка зима

Според предложените ограничувања, кои треба да влезат во сила од 4 ноември и да траат до крајот на месецот, граѓаните ќе смеат во јавност да се среќаваат само со членови на своето домаќинство и на максимум уште едно друго домаќинство.
Баровите, клубовите и рестораните ќе бидат отворени само за земање храна или пијалоци, престојувањето во хотели ќе биде дозволено само со добра причина, додека кината, театрите и спортските објекти како вежбалните и базените ќе бидат затворени.
Училиштата и градинките ќе останат отворени, но ќе мора да воведат нови хигиенски протоколи.

Бројот на нови случаи од коронавирус во Германија во моментов е далеку повисок од периодот на првиот пик во март и април годинава. Иако во меѓувреме далеку се зголеми и тестирањето, властите сметаат дека растот се должи на социјални собири и ноќниот живот во некои градови и региони. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема