Посета на Берлин за мали пари | Панорама | DW | 03.09.2010
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Посета на Берлин за мали пари

Берлин е една од ретките европски метрополи, каде можете одлично да си поминете, без да банкротирате. Еве неколку совети и трикови што ќе ви помогнат да заштедите при посетата на германската престолнина.

default

Низ Берлин со велосипед, најевтино превозно средство во европската метропола

Пред да почнеме со прошетката по Берлин, да го решиме клучното прашање - каде ќе преноќите? На интернет-страницата Craiglist.de можете да изнајмите соба во станот на жител од градот, по цена од 15 евра од вечер. Без паника, собите не ги издаваат психопати или сериски убијци, туку млади луѓе, кои поради недостаток на пари нудат ноќевање во сопствените станови. Ако имате среќа, домаќинот ќе ве покани и на појадок, а заедно со кафето ќе ви сервира и неколку инсајдерски совети.

Првиот од нив се однесува на транспортот. Иако Берлин има одличен јавен превоз, најдобар начин да стигнете каде сакате и кога сакате е - велосипедот. Така ќе ги заштедите и парите за такси во раните утрински часови, кога трамваите не возат.

За најдобро да го доживеете „новиот Берлин“, не мора да фрлате пари на скапи туристички тури. Приквечер, велосипедот под вас и право во главниот градски парк Тиергартен, каде се распоредени поголемиот дел од владините институции. Тука ќе го најдете стариот Рајхстаг, кој одлично се надополнува на модерната канцеларија на канцеларот.

Во текот на летните месеци, Берлин се претвора во огромна сцена

Schlange stehen die Besucher der Neuen Nationalgalerie in Berlin am Sonntag nachmittag, 22. Februar 2004, um sich die Austellung Das MoMA in Berlin anzusehen

Новата национална галерија е е една од најпосетените културни зданија во Берлин

Секој викенд се одржуваат разни фестивали, паради, улични панаѓури или модни ревии. Голем дел се финансирани од градот и за нив не се плаќа влез. Вториот совет при посетата на Берлин е да ја разгледате интернет страница freeguide-berlin.de, каде ќе најдете список на сите бесплатни случувања во текот на денот. Ако сте љубители на танцувањето, Берлин е вистинското место за вас. Затоа советот број три е да го поминете неделното попладне на плажата Бундеспресе, на бреговите на реката Шпре. Опуштени луѓе од разни генерации уживаат во коктели под палми, додека други играат салса или одбојка на плажа.

А доколку градската плажа не ви е доволна, одлична можност за разладување на лето нудат многуте езерца околу Берлин. Внимание: нудизмот не е никаде забранет, па многу често ќе наидете на сосема разголени тела. За жал, не сите Германци се опремени со тела како Хајди Клум или Михаел Балак. Ако ова не ви претставува никаков проблем, тогаш излет на некое од езерата околу Берлин е нашиот четврт совет.

Секој четврток бесплатно во музеј

Deutschland Jahrestag Mauer Markierung Berlin Regierungsviertel

Владиниот кварт во Берлин

Петтиот совет особено ќе им се допадне на оние кои посетата на некој град не можат да си ја замислат без културна програма. Влезот во сите музеи и галерии во Берлин е бесплатен секој четврток од 6 до 10 часот навечер. Исто така, со студентска легитимација добивате попуст за многу театарски претстави, концерти или изложби, меѓутоа проверете дали легитимацијата се` уште ви важи, бидејќи продавачите на шалтер навистина проверуваат. Кога се работи за јадењето и пиењето, правилата се едноставни: нека не ви паѓа на памет да јадете во туристичките улици, каде цените се „напумпани“. Наместо тоа, одберете некој од многуте мали ресторанчиња со турска, индиска, тајландска или виетнамска храна. Повеќето од нив нудат цели порции за околу шест евра.

На крај од посетата на Берлин, парите што ги заштедивте можете да ги вложите во банџи-џампинг од триесеткатна зграда во центарот на градот, или, пак, купете влезница за концертот на некоја од светските ѕвезди, кои постојано настапуваат во Берлин.

Автор: Лиа Мекдонел / Трајче Тосев

Редактор: Александра Трајковска

Реклама