1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Џулијан Асанж во догледно време нема да биде пуштен на слобода
Џулијан Асанж во догледно време нема да биде пуштен на слободаФотографија: Artur Widak/NurPhoto/picture alliance
Закон и правосудство

Пораз за Асанж и за слободата на печатот

Матијас фон Хајн
11 декември 2021

Новинарството не е криминал. Но, сега лондонскиот суд ја прогласи за легална екстрадицијата на Џулијан Асанж во САД. Црн ден за слободата на печатот, смета Матијас фон Хајн.

https://www.dw.com/mk/%D0%BF%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%B7-%D0%B7%D0%B0-%D0%B0%D1%81%D0%B0%D0%BD%D0%B6-%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D1%81%D0%BB%D0%BE%D0%B1%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D0%B5%D1%87%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82/a-60085979

Лош ден за Џулијан Асанж. Лош ден е за новинарите ширум светот, лош ден за слободата на медиумите, лош ден за транспарентностa и контрола на владите.

Горчлива иронија е тоа што судот во Лондон го расчисти патот за гонење на истражувачкиот новинар Џулијан Асанж токму на Светскиот ден на човековите права. Горчлива иронија што оваа одлука  падна на денот кога на двајца новинари им беше врачена Нобеловата награда за мир во Осло. Подеднакво горчливо е што оваа одлука е објавена на вториот ден од „Самитот за демократија“ организиран од американскиот претседател Џо Бајден.

Зајакнување на медиумите од страна на САД - вака?

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен токму на овој самит ја нагласи „незаменливата улога“ на медиумите кога станува збор за информирање на јавноста и повикување на владите на одговорност. „САД ќе продолжат да се залагаат за храбрата и неопходна работа на новинарите ширум светот“. САД сакаат да потрошат повеќе од 400 милиони американски долари за зајакнување на независните медиуми ширум светот.

Како тоа се вклопува со долгогодишниот прогон на Џулијан Асанж, со заканата до 175 години затвор за наводна шпионажа, но пред сѐ за објавување тајни документи за војните во Ирак и во Авганистан? Документи кои ги докажуваат воените злосторства на САД. Никој не одговара за овие злосторства. Наместо тоа, се спроведува одмазда против новинарот кој на светот му ги откри овие сознанија за начинот на војување на САД.

Матијас фон Хајн, автор на коментарот
Матијас фон Хајн, автор на коментаротФотографија: DW

Авторитарните режими следат внимателно

Тешко може да се избројат организациите кои водеа кампања за ослободување на Џулијан Асанж. Амнести интернешенел, Репортери без граници, Хјуман рајтс воч, исто така и Меѓународната асоцијација на новинари со своите 600.000 членови ширум светот.

Сите тие го гледаат индивидуалното страдање на основачот на Викиликс изолиран во затвор со максимална безбедност. И тие ја гледаат опасноста што ја претставува неговото прогонство за слободата на медиумите ширум светот. Авторитарните режими ширум светот веќе одбиваат критики за нивниот однос кон критичките новинари, со укажување на Асанж.

Специјалниот пратеник на ОН за тортура, Нилс Мелцер, долго време  „политички мотивираниот“ прогон на Асанж го означува како судски скандал. Тој при  истрагата на случајот откри толку многу процедурални пропусти и прекршувања на законите, што беше доволно за цела книга.

Пиноче во вила, Асанж во затвор

Одбраната на Асанж ќе ја оспори и обжали пресудата. Така случајот ќе се одолговлекува. Крајно време е Џулијан Асанж повеќе да не мора да минува низ судскиот процес во затворска ќелија. Британското правосудство треба веднаш да го пушти во домашен притвор. Во други случаи, правосудството на Обединетото кралство немаше проблем со такво решение. Истакнат пример: кога Шпанија побара екстрадиција на чилеанскиот диктатор Пиноче на крајот на 1990-тите, на овој убиец на илјадници луѓе му беше дозволено удобно да ги чека 16-те месеци од судењето во вила јужно од Лондон - додека не беше ослободен.

Во изминатите неколку години постојано слушаме дека Западот е во конкуренција со автократските системи. Ако домаќинот на Самитот за демократија“ Џо Бајден сериозно го сфати ова натпреварување, тој треба да се труди да биде подобар од светските диктатори. Посветеноста на слободното новинарство започнува на вашиот сопствениот праг. САД конечно треба да го прекинат прогонот на основачот на Викиликс, Асанж. Тоа е голема дамка за светските демократии.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Димитар Ковачевски македонското Собрание

Огнени кочии

Mazedonien Ljupco Popovski
Љупчо Поповски
Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми

Врати се на почетната страница