Полска ја обвинува ЕУ за „уцена“, Фон дер Лајен најавува санкции | Европа | DW | 19.10.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Европа

Полска ја обвинува ЕУ за „уцена“, Фон дер Лајен најавува санкции

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки ја обвинува ЕУ дека „незабележливо“ ги проширува своите компетенции. Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на тоа гледа поинаку. Таа најави санкции против Полска.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки ја обвинува ЕУ за „уцена“ во правниот спор помеѓу Варшава и Брисел. „Не се согласувам со тоа политичари да сакаат да ја уценуваат Полска и да ѝ се закануваат на Полска“, изјави премиерот во Европскиот парламент во Стразбур.

„Сакам да го отфрлам говорот на закани и уцени“, рече Моравјецки. Тоа, според него, станал метод во односот кон некои членки на Унијата. Полскиот премиер го обвини Европскиот суд дека сака „незабележливо“ да ги прошири компетенциите на ЕУ. Истовремено, нагласи тој, неговата земјасака да остане во Унијата.

Одземање на правото на глас на Полска?

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претходно изјави дека ЕУ „нема да дозволи да бидат ставени на коцка нашите заеднички вредности“. Комисијата ќе преземе мерки, рече таа и како конкретни опции наведе нова постапка поради повреда на обврските од договорите, нова постапка за кратење на средства од ЕУ, како и уште една примена на т.н. член 7, која може да доведе и до одземање на правото на глас на Полска при носењето одлуки во ЕУ.

Заканата на Фон дер Лајен доаѓа по одлуката на Уставниот суд во Полска, кој прогласи делови од европското право за некомпатибилно со полскиот Устав. Таа одлука од страна на ЕК се гледа како исклучително проблематична затоа што би можела да ѝ биде изговор на полската влада за игнорирање на одлуки на Европскиот суд кои не ѝ се допаѓаат.

Повеќе:

Протести во Полска: Десетици илјади Полјаци бараа останување во ЕУ

Полска уште не е загубена за ЕУ

Одлуката на полскиот Уставен суд, според Фон дер Лајен, ги става под знак прашалник основите на ЕУ: „Тоа е непосреден предизвик за единството на европскиот правен поредок. Само заеднички правен поредок овозможува еднакви права, правна сигурност, меѓусебна доверба на земјите членки и заедничка политика, која произлегува од тоа.“