1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

Полицијата уби вооружен напаѓач пред катедрала во Њујорк

ЖА / агенции
14 декември 2020

На маргините на Божиќен концерт, вооружен маж почнал да пука околу себе, по што полицијата возвратила. Во инцидентот нема повредени, а мотивите на напаѓачот не се познати.

https://p.dw.com/p/3mgIX
USA I Schießerei an Kirche in New York City
Фотографија: Jeenah Moon/REUTERS

 Вооружен човек отворил оган пред црква во квартот Менхетен во Њујорк, по што тројца полицајци испукале најмалку 15 куршуми кон него, од кои еден го погодил во главата, соопшти локалниот шеф на полицијата, Дермонт Ши. За среќа, во инцидентот никој не е повреден.

Пред катедралата се одржувал бесплатен Божиќен концерт на еден хор со присуство на повеќе стотини посетители. Присутна новинарка на новинската агенција АФП изјави дека вооружениот човек почнал да пука во моментот кога по завршениот концерт луѓето почнувале да си заминуваат. Тој застанал на скалите пред катедралата, викајќи: „Убијте ме" и почнал да пука.

„Почнав едноставно да трчам за да си го спасам животот", изјави новинарката. Според друг сведок, напаѓачотистрелал осум до десет пати пред самиот да биде убиен. Заднината на делото е нејасна. Полицијата во близина пронашла торба со полн канистер со бензин, јаже и повеќе ножеви.