Подвлечена линија под сагата за Брегзит | Свет | DW | 28.04.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Подвлечена линија под сагата за Брегзит

По пет години повлечи-потегни, Европарламентот го запечати Брегзит. Европратениците со огромно мнозинство го усвоија договорот за трговија и партнерство меѓу ЕУ и В.Британија, кој ги поставува односите на нова основа.

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска го поздрави, како „последна етапа на долгиот пат“, гласањето на Европскиот парламент за трговскиот договор меѓу ЕУ и Велика Британија по Брегзит.

Договорот кој е постигнат крајот на декември и кој веќе привремено се применува од почетокот на годината, „носи стабилност за нашиот нов однос со ЕУ како витални трговски партнери и блиски соработници“, соопшти британскиот премиер.

По минатогодишниот Брегзит, Велика Британија на 1 јануари годинава ги напушти и внатрешниот пазар на ЕУ и Европската царинска унија . Договорот склучен како замена предвидува откажување од какви било царини и квантитативни ограничувања во билатералната трговија.

Повеќе на темата:

-Нови нереди во Белфаст, Брегзит го потпалува конфликтот

-Хаос и бирократија - Британците дури сега сфаќаат што значи Брегзит

-Евротунел: „Симбол на блискост“ и покрај Брегзит

Европскиот парламент синоќа го потврди трговскиот договор меѓу ЕУ и Велика Британија по Брегзит, со 660 гласа „за“, 5 против и 32 воздржани од 697 присутни пратеници.

Претседателот на Парламентот, Давид Сасоли, синоќа го поздрави гласањето за „најамбициозниот договор кој некогаш ЕУ го склучила со некоја земја“.

Гледај видео 02:20

Збогум за Велика Британија со песна и солзи

Досега, договорот е само привремено во сила до крајот на април. По неговото усвојување од страна на Европарламентот, земјите членки на ЕУ сега мора да одлучат да го објават договорот во Службениот весник на ЕУ, со што се очекува тој конечно да стапи во сила во петок.

Велика Британија веќе го ратификуваше договорот и условно стапи на сила до прифаќањето во Европскиот парламент. Европскиот парламент покрај гласањето за договорот усвои необврзувачка резолуција во која пратениците го оценуваат Брегзит како „историска грешка“.