1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Nordmazedonien Parlament - Sitzung am 25.03.2021
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Повик за единство или нова рунда расправии меѓу партиите

ДТЗ
14 февруари 2022

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека изјавите на Христијан Мицкоски не се искрени, откако тој повика на „единство и обединување кога станува збор за земјата“.

https://www.dw.com/mk/%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BA-%D0%B7%D0%B0-%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE-%D0%B8%D0%BB%D0%B8-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0-%D1%80%D1%83%D0%BD%D0%B4%D0%B0-%D1%80%D0%B0%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D0%B8-%D0%BC%D0%B5%D1%93%D1%83-%D1%81%D0%B4%D1%81%D0%BC-%D0%B8-%D0%B2%D0%BC%D1%80%D0%BE-%D0%B4%D0%BF%D0%BC%D0%BD%D0%B5/a-60771639

Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски не гледа искрени намери во повикот на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за национално обединување. 

„Единството и застапувањето на нашата држава се прави во законодавниот дом, а не со еднострани декларации. Со тоа само се попречува процесот на разговори што се водат со Софија во духот на европските вредности“, порача Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавата Мицкоски, кој изрази  загриженост зошто нема единство во парламентот за декларацијата за Гоце Делчев. 

Nordmazedonien Politiker Dimitar Kovacevski
Димитар КовачевскиФотографија: Petr Stojanovski/DW

Изјавата на Мицкоски за национално обединување, кога се во прашање интересите на државата, според премиерот, воопшто не е искрена. „ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период единствено нешто што прави е креирање хистерија во однос на разговорите што се водат со Бугарија, исто така во рамки на подготовките за работните групи што ги формиравме со бугарскиот премиер и членовите на нивната Влада заедно со нашата Влада ние упативме покана и до опозицијата, при што таа беше одбиена“, рече Ковачевски.

Тој вели дека доколку ВМРО-ДПМНЕмисли дека со еднострани декларации, со кои единствено се попречува процесот на разговори кои се водат во духот на европските вредности, ќе го задржи достоинството на сите граѓани, тие го прават токму спротивното. 

Заштита на националните интереси 

Мицкоски во говор при давањето отчет (13.02.2022) за работата на градоначалниците, рече дека суштински е важно, кога во прашање е државата, да има единство, повикувајќи го претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на „единство и обединување кога станува збор за земјата“.

„Свесен сум дека во ситуација кога нашиот дом е во прашање, единството е поважно од секоја една наша внатрешна разлика која ја имаме во овој заеднички дом. Свесен сум, но и загрижен за тоа дали и премиерот е свесен за истото. И затоа сакам да му порачам дека ВМРО, историски, суштински и денес политички е вграден како еден од најважните стожери и столбови на нашиот дом - Македонија“, рече Мицкоски, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ нуди единство и поддршка за заштита на националните, стратешки и државни интереси на земјата. 

Nord-Mazedonien Skopje | Kommunalwahl Hristijan Mickoski
Христијан МицкоскиФотографија: Petr Stojanovski/DW

Тој додаде дека владата и Ковачевски прават голема грешка и дека испуштаат историска шанса да застанат на вистинската страна. „Со откажувањето на прифаќање на декларацијата за Гоце Делчев кажуваат дека се спремни да се откажат и од други важни прашања за нашиот идентитет. Затоа го повикувам народот на будност и дејствување во моментот кога овие ќе одлучат да го распродадат тоа кое што нас ни е најмило“, додаде тој. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Македонија знаме

Македонскиот руски круг

Mazedonien Ljupco Popovski
Љупчо Поповски
Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми

Врати се на почетната страница