Пластичните кеси ја наполнија касата - собрани 235 илјади евра за еден месец | Северна Македонија | DW | 27.01.2022
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Пластичните кеси ја наполнија касата - собрани 235 илјади евра за еден месец

За десет пати е намалена употребата на пластични кеси во Северна Македонија, откако на 1 декември стапи на сила законот со кој се забранува нивната употреба. 

За десет пати е намалена употребата на пластични кеси во Северна Македонија, откако на 1 декември 2021 година стапи на сила законот со кој се забранува нивната употреба. Државата во декември собрала 235 илјади евра од продажбата на пластични кеси, кои чинат 15 денари. Средствата ќе одат во еколошкиот фонд.  

Според новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување, од 1 декември кесите за пазарање во маркети и продавници се наплаќаат 15 денари. Надоместокот од 15 денари за биоразградливи кеси мора да се евидентира и пренесе во посебен фонд на Министерството за животната средина и просторно планирање. 

„Сега ќе направиме план за какви еколошки проекти ќе се вложат овие пари. Чекавме да видиме колкави ќе бидат тие средства“, вели министерот за животна средина, Насер Нуредини.

Тој е задоволен од резултатите и потенцира дека граѓаните се повеќе пазаруваат со платнени торби. Министерот Нуредини вели дека знаат оти во одредени маркети и продавници не се почитува законот и дека ќе има инспекции. 

Гледај видео 02:18

Пластичен отпад- проблем за животната средина и за луѓето

DW.COM

Поврзана содржина