1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Erster Schultag in Nordmazedonien
Фотографија: Petr Stojanovski/DW
Здравје

Расте бројот на заразени деца на возраст од 6 до 14 години

ДТЗ
15 февруари 2022

Ќе се отвараат нови пунктови за тестирање низ земјата, а резултатите од скринингот на населението се очекуваат идната недела. „Вакцинирајте се и примете бустер доза“, апелираат епидемиолозите.

https://p.dw.com/p/473W2

Се зголемува бројот на заразени деца со Ковид-19на возраст од 6 до 14 години во Северна Македонија. Трендот трае веќе неколку недели, но според епидемиолозите нема причина за загриженост. Станува збор за ученици коишто ја следат наставата со физичко присуство. Последниот период имало 120 нови случаи на заразени ученици на територијата на целата земја, од кои најголемиот дел се од Скопје. Најголемиот дел од нив се заразени со Омикрон, но кај дел од децата се уште е присутен и Делта сојот.

„Ја следиме состојбата и доколку се случи алартмантна состојба ќе реагираме веднаш. Но, во моментов немаме простор за паника“, изјави на денешната прес-конференција првиот човек на Комисијата за заштита од заразни болести, Александар Петличковски. 

Нови пунктови за тестирање 

Епидемиолозите апелираат да се почитуваат протоколите за настава со физичко присуство и учениците и родителите да немаат отпор кон тестирањето за Ковид-19. Петличковски најавува дека ќе се отворат неколку дополнителни пунктови за тестирање во Скопје, но и низ земјата, за да се скрати периодот за закажувања на тестирањата. 

Тој оцени дека епидемиолошката состојба се подобрува, но дека тоа не ни дава за право да се опуштиме. Сите анализи на епидемиолозите укажуваат дека најголемиот дел од починатите се невакцинирани, примиле само една доза, или пак се вакцинирале пред 6 месеци. Токму затоа епидемиолозите апелираат сите граѓани да се вакцинираат и да примат бустер доза. 

„Вакцинацијата со трета доза во моментов е најдобрата заштита од тежок тек на болеста и од смртен исход. Силно им препорачуваме на сите граѓани да примат бустер доза“, вели Петличковски. 

Па така, на крајот на јануари од 382 починати - 233 лица биле невакцинирани, а околу 150 или биле вакцинирани пред повеќе од 6 месеци или пак немале примено бустер доза. Триесетина биле вакцинирани во рок помал од 6 месеци од вкупниот број на починати. 

Комисијата за заразни болести предлага наставата на сите факултети да се насочува на физичко присуство, со почитување на ковид-протоколите.   

Прескокни го блокот Поврзани теми
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО ДПМНЕ

Мицкоски: Европските вредности се неспорни за ВМРО-ДПМНЕ

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница