Пендаровски смета дека францускиот предлог е подобар од претходниот | Северна Македонија | DW | 30.06.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Пендаровски смета дека францускиот предлог е подобар од претходниот

Македонскиот претседател оценува дека овој предлог е далеку подобар за Македонија од претходниот, но не соопштува детали за него. Од сите страни пристигнуваат повици да се каже „да“ за предлогот

„Долг ден во Мадрид. Со францускиот претседател Емануел Макрон директно разговаравме за модификациите на францускиот предлог“, објави македонскиот претседател Стево Пендаровски на социјалните мрежи, кусо откако беше објавена информацијата дека францускиот предлог за тргање на бугарското вето пристигна во македонската Влада. Пендаровски денеска во Мадрид на средбата со Макрон ги слушнал деталите околу измените во предложениот текст на преговарачката рамка со ЕУ, којшто го усвои бугарскиот парламент, а првичната негова верзија беше децидно отфрлена како неприфатлива од македонскиот државен врв.  Претседателот оценува дека овој предлог е далеку подобар за Северна Македонија од претходниот, но не соопштува детали за него. 

Модификации од двете страни

„Не станува збор за нов предлог. На две-три места во предлогот има модификации кои тие ги направија во консултација со двете страни. Меѓутоа, ние рековме да не ја повториме грешката од минатиот пат, не може никој – не претседател, не премиер – никој не може да зборува во име на цела нација, на цела држава, постојат надлежни институции кај нас“, изјави Пендаровски за Сител. Тој не го коментира предлогот додека не се добие официјален одговор од Софија и од Скопје, но нагласува дека е подобар од претходниот. 

„Дали е тоа доволно добро засега ќе се воздржам, бидејќи сакам тоа да помине еден поширок круг на консултации, кои, за жал на препорака на нашите сојузници, не ги правевме минатиот пат за да не ја загрозиме сензитивноста на процесот. Мораме да ги искомуницираме граѓаните, луѓето, политичките субјекти, затоа што се обидуваме да направиме договор кој ќе трае“, вели Пендаровски.

Широка консултација

Премиерот Димитар Ковачевски најавува дека францускиот предлог ќе биде ставен на широка консултација пред да се донесе конечната одлука.  „Консултации во следните денови ќе се прават во Владата, со политичките партии, со претседателот на државата, парламентот, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупна јавност во земјата. По овие консултации ќе се донесе одлука во однос на предлогот“, наведува Ковачевски во објавата на социјалните мрежи. 

Тој додава дека, како што вети Владата и наспроти шпекулациите на опозицијата, одлуката за иднината ќе биде донесена заеднички, согласно стратешките интереси на земјата и на сите граѓани. 

Медиумите повикувајќи се на неофицијални информации наведуваат дека во предлогот стои чист македонски јазик во ЕУ, но засега не е јасно дали Протоколот што произлегува од билатералниот договор со Бугарија и историските прашања остануваат во преговарачката рамка. 

Повици да се прифати предлогот

Премиерот на Албанија, Еди Рама, побара од Северна Македонија да го прифати францускиот предлог за да биде кренато бугарското вето.

„Последниот француски предлог, кој воедно е и конечен, и дава можност на Северна Македонија за безусловно пристапување и го отвора патот за официјален почеток на преговорите за членство на двете земји во Европската Унија. Им велам на браќата Македонци и Албанци од Северна Македонија: Прифатете! , напиша Рама во Твитер. 

 

 

 

Поврзана содржина