Безбедни земји: ЕУ предлага слободен влез за македонските граѓани | Свет | DW | 16.06.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Безбедни земји: ЕУ предлага слободен влез за македонските граѓани

Поради подобрената состојба со пандемијата, членките на ЕУ постигнале согласност за олеснување на условите за влез за граѓани од повеќе земји, меѓу кои и Северна Македонија. Формална одлука се очекува за неколку дена.

Европската унија треба да ги разлабави рестрикциите за влез на граѓаните од повеќе земји во светот, а формалната одлука за тоа треба да биде донесена најверојатно на крајот на оваа недела, јавува агенцијата ДПА. Според информацијата на ДПА, поради подобрената состојба со пандемијата во иднина треба да биде олеснет влезот во Унијата за граѓаните на Северна Македонија, Албанија, Србија, САД, Либан, Макао, Хонгконг и Тајван.

Досега на списокот земји чии граѓани можеа да влезат во ЕУ поедноставно беа само Австралија, Нов Зеланд, Руанда, Сингапур, Јужна Кореја, Израел, Јапонија и Тајланд. За сите останати држави во светот важеа драстични ограничувања.

Повеќе:

Зелено светло од Европарламентот за ковид-пасошот

Германскиот министер Шпан се брани по нападите околу неговите изјави за Балканот

Коронавирус: Германија ги подзатвора границите за Британците

До ограничувањата уште од почетокот на пандемијата се држеа сите држави на ЕУ освен Ирска, како и Швајцарија, Норвешка, Лихтенштајн и Исланд. Со ограничувањата беа забранети сите патувања во ЕУ кои не се поради есенцијална причина.

DW.COM