Патот на Путин кон Белата Куќа | Свет | DW | 13.12.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Патот на Путин кон Белата Куќа

ВО САД расте загриженоста, дека Владимир Путин во иднина ќе стекне непосредно политичко влијание. Коментар на Инес Пол.

Најновиот виц во Вашингтон: „Кој сега всушност победи на изборите? Трамп или Клинтон? Путин, идиоту!“ Тоа е една од оние шеги, при кои по насмевката останува кнедла во грлото. Имено по првично објавените информации на Вашинготн пост за време на викендот се множат гласовите на високорангирани и доверливи инсајдери, дека Русија со хакерски напади не го пробила само серверот на Демократската партија, како што впрочем е познато веќе со месеци, туку и оној на републиканците. Според овие инсајдери, тајните служби во меѓувреме поаѓаат од тоа дека Русија не само што сакала да им наштети на Хилари Клинтон и на американската демократија, туку нападнала, за непосредно да му помогне на Трамп да победи на изборите.

Водење војна во интернет

Експертите со години наназад предупредуваат дека војните на иднината нема да се водат ни на земја, ни на вода, ниту во воздух, туку во интернет. И ако трилерите и блокбастерите досега главно се занимаваа со сценарија во кои хакери парализираат атомски централи, во овие денови стана јасно дека во прашање е многу повеќе од само влијание врз снабдувањето со електрична енергија или непочитување на законите за заштита на податоците.

Ако се обистинат обвинувањата, овие напади се насочени кон сржта на секоја демократија: слободните и тајни избори. Соодветно голема е нервозата во САД. И соодветно збркани се реакциите на идниот претседател Доналд Трамп.

Наместо веднаш да се заложи за формирање независен истражен комитет, тој се обидува да ги забошоти обвинувањата со неумесни твитови. Неговата аргументација: „Зошто тајните служби веруваат во ова, кога уште тогаш погрешно тврдеа дека Садам Хусеин поседува оружје за масовно уништување“.

Pohl Ines Kommentarbild App

Инес Пол

Зделките на Трамп со Русија

Овој отворен напад врз тајните служби има голема тежина, со оглед и на тоа дека идниот претседател консеквентно одбива да учествува на дневните брифинзи на тајните служби. Неговото појаснување: Тој знае најдобро, што се случува и не треба секојдневно да му се даваат истите информации.

Овој однос е или наивен или бизнисменски пресметан. Опасен е и во двата случаја. Сосема е возможно, дека е точно оти бизнисменот Трамп со години прави зделки со Русија и затоа не сака да дозволи да се погледне во неговите книги. Звучи логично и тоа дека Трамп веројатно за свој министер за надворешни работи ќе го назначи поранешниот генерален директор на ЕксонМобил, бидејќи и тој преку бизнисите негува тесни односи со Путинова Русија.

Сето ова е недостојно за најважната политичка функција во светот и пред сѐ е екстремно опасно.

Одговорноста на републиканците

Ако хакерските напади се обистинат како стекнување политичко влијание, тогаш тоа значи дека САД се нападнати. Со оглед на тоа дека како што изгледа  идниот претседател не е во состојба да ја свати оваа димензија, републиканските претставници во Конгресот мора да покажат дека сериозно ги зваќаат своите демократски задачи. Тие мора да одговорат на прашањето: кому се лојални? На Доналд Трамп или на одбраната на американскиот систем на вредности и со тоа на американската демократија. Доналд Трамп, можеби верува дека е во состојба да ги држи под контрола руските тајни служби, но тоа е проценка во која тој е речиси осамен.

 

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама