Пандев во пензија, Ангеловски ќе бара нов ангажман | Северна Македонија | DW | 21.06.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Пандев во пензија, Ангеловски ќе бара нов ангажман

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски на прес-конференцијата по мечот со Холандија на Европското првенство најави дека тоа му е последниот настап од таа позиција.

Игор Ангеловски- Мрме селекторот кој ја одведе Северна Македонија на премиерниот настап на едно Европско првенство од 1 август си заминува од функцијата.
„Ова е мојата последна прес-конференција од оваа позиција затоа што мојот договор со Македонската фудбалска федерација истекува на 31 јули и повеќе нема да бидам селектор“, изјави Ангеловски на прес-конференцијата по поразот од Холандија со 3:0 во последниот меч за неговата селекција на Еуро2020. Селекторот им се заблагодари на целиот стручен штаб, медицинскиот персонал, фудбалерите и особено капитенот Горан Пандев кој вечерва исто така се прости од репрезентацијата.
Еуро2020 беше првиот голем меѓународен турнир за Северна Македонија како независна држава, а Ангеловски изрази задоволство од успехот и покрај трите порази во групната фаза на првенството. Во првите две кола С. Македонија загуби од Австрија со 3:1 и Украина со 2:1.
„Воопшто не треба да бидеме разочарани бидејќи сме дебитанти, ние сме тие кои го пробија ледот и сакам уште еднаш да им се заблагодарам на фудбалерите за се што направија и нивниот настап на ова ЕУРО“, рече Ангеловски.


EURO 2021 | Nordmazedonien vs Niederlande | Pandev

Македонските репрезентативци со тунел на честа го испратија Горан Пандев во заслужена фудбалска пензија

Заедно со 45-годишниот Ангеловски од репрезентацијата се прости и Пандев, како и Велковски и Тричковски. Холанѓаните пред мечот му подарија на Пандев дрес со бројот 122 како симболика за сите негови настапи за македонската репрезентација. Во 69 минута кога го напушташе теренот, неговите соиграчи формираа тунел низ кој го испратија својот капитен на клупата.

Токму Ангеловски беше тој кој го врати Пандев во репрезентацијата во 2015 година.

„Овој тим направи историја со пласманот на Еуро2020 и мора да му се заблагодариме на Пандев за се што стори за македонскиот фудбал“, рече Ангеловски.

„Јас сум среќен што пет години работев со таков човек и таков фудбалер. Се надевам дека идните генерации имаат добар пример како треба да се однесуваат и да работат за да стигнат до оние величини кои ги достигна Горан Пандев“, рече Ангеловски.

DW.COM