Пад на украден патнички авион | Панорама | DW | 11.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Пад на украден патнички авион

Аеродромски работник украл празен патнички авион од хангар во Сиетл, по алармот следела интервенција на два борбени авиони

Драматични часови во американската метропола на Западниот брег, Сиетл: 29-годишен аеродромски работник од меѓународниот аеродром во Сиетл синоќа украл празен патнички авион и полетал без дозвола со него. Кратко потоа тој се урнал на слабо населениот остров Кетрон, во државата Вашингтон. Полицијата исклучи терористички мотиви, грабнувачот очигледно имал намера да се самоубие. По ненајавеното полетување, активирани биле два борбени авиони од типот Ф 15, но тие не учествувале во падот на авионот, соопшти полицијата, исто како и авиокомпанијата Алјаска Ерлајнс, на која ѝ припаѓа украдениот авион. 29-годишниот аеродромски работник по потекло од Пирс Кантри имал психички проблеми, а името ќе биде соопштено по утврдувањето на идентитетот со помош на ДНК.

Гледај видео 01:01
Now live
01:01 минути

Лет и пад со украден патнички авион

 

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама