Падна договор - од среда децата се враќаат на настава? | Северна Македонија | DW | 25.04.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Падна договор - од среда децата се враќаат на настава?

СОНК и Владата постигнаа компромисно решение - платите ќе се зголемат за 12 проценти.

По неколкунеделни преговори, СОНК и Владата постигнаа компромисно решение за покачување на платите на наставниот кадар во училиштата, како и за вработеите во градинките. Синдикатот за образование, наука и култура попладнево информираше дека со Владата успеале да договорат зголемување на платите за 12 проценти. 

„Се усогласивме со ставовите во рамки на условите на државата и што може да се издвои за платите и дојдовме до процент што ќе започне да се исплаќа од јули. Се работи за 12 проценти на сегашните плати, со додатоци што следуваат“, изјави Неделков по средбата во Владата.

Синдикатот претходно ја одби понудата на Владата за зголемување на платите за 10 проценти. За постигнатиот договор СОНК ќе ги информира своите членови, по што се очекува наставата во основните и средните училишта да продолжи во среда. 

„До утре вечер ќе има сондажа на јавното мислење на членството, како и органот на одлучување, а тоа е Советот на СОНК кој ќе заседава и ќе се донесе конечната одлука врз основа на изјаснувањето на нашето членство“, вели Неделков.

Штрајкот започна на 11 април. Со оглед на тоа дека учениците не посетуваа настава во изминатите две недели, дополнително ќе се разговара околу можноста за продолжувањето на школската година.