Оставка на Либерман поради примирјето во Појасот Газа | Свет | DW | 14.11.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Оставка на Либерман поради примирјето во Појасот Газа

Во знак на протест против прекинот на огнот во Појасот Газа, израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман поднесе оставка на функцијата и ја втурна израелската влада во криза.

Министерот за одбрана Авигдор Либерман, кој важи за хардлајнер во израелската влада, смета дека примирјето со милитантните палестински групи претставува „капитулација пред теророт“.

Ултранационалистичката партија на Либерман, Наша Куќа Израел, ја напушти владата на Бенјамин Нетанјаху, а министерот побара нови избори. Претставник на партијата на Нетанјаху, Ликуд, отфрли можност за нови избори. Според него, функцијата на министер за одбрана привремено ќе ја преземе премиерот Нетанјаху.

Повеќе:

Израел и Палестинците пред нова војна?

Со прекинот на огнот во Појасот Газа Израел си купува само „краткорочен мир“, изјави Либерман пред новинарите. „Цената“ за тоа, според него, се „големи, долгорочни штети за националната безбедност“ на Израел.

Претходно, израелскиот премиер Нетанјаху застана во одбрана на примирјето со милитантните палестински групи, кое беше склучено вчера. „Нашите непријатели молеа за прекин на огнот“, изјави тој денеска изутрина.

Во текот на изминатите денови дојде до најтешките судири на Израел и Палестинците од војната во Газа од 2014 година.

Israelischer Luftangriff auf den Gazastreifen (picture-alliance/ZumaPress/A. Amra)

Урнатини од објектот на телевизијата Ал Акса, кој беше уништен во израелски воздушен напад врз градот Газа пред два дена

Прекинот на огнот е спорен не само во рамките на израелската влада. Повеќе стотици Израелци кои живеат во близина на границата со Појасот Газа протестираа против договорот за примирје и бараа продолжување на акциите на израелската армија против Хамас, кој владее во Појасот Газа.

 

DW.COM

Реклама