Османи: Договорите со Бугарија секогаш биле дел од рамката, во неа нема фуснота за македонскиот јазик | Северна Македонија | DW | 02.07.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Османи: Договорите со Бугарија секогаш биле дел од рамката, во неа нема фуснота за македонскиот јазик

Министерот за надворешни работи вели дека е лага дека билатералните прашања, односно дека договорите со Бугарија се внесени во рамката со сегашниот европски предлог и дека е неточно дека во рамката има фуснота за јазикот

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи на денешниот (2.07) брифинг со новинарите во Скопје, изјави дека се „неточни и лажни“ квалификациите дека има фуснота во рамката, документ кој, како што потенцираше, е „устав на односите помеѓу Европска Унија и Северна Македонија“:

„Јазикот се утврдува во рамката. Рамката се усвојува истиот ден кога ние ќе кажеме 'да' за пакетот... Тоа е документот којшто нѐ врзува со ЕУ. Во таа рамка пишува македонски јазик, без никакви додавки... Сѐ друго, сите други документи се неважни“, изјави Османи, дообјаснувајќи:

„Да, има еднострана изјава на Бугарија, но не во рамката, туку во записникот. Сметајте како ова да е состанок во којшто ја усвојуваме рамката. Некој тука ќе каже 'да, ама јас имам мислење'. Записничарот вика кажа вакво мислење, но тоа не влегува во документот, не влегува во заклучоците. Едноставно записничарот пишува дека некој кажал нешто и тоа еднаш и никогаш повеќе. Тоа е португалскиот предлог – нема никакви правни импликации по употребата на јазикот, кон интерпретација на јазикот. Можам најодговорно под целосна одговорност да кажам дека ова е чисто прашање и сите коментари по однос на јазикот се лажни, манипулативни од суета, од непознавање и сите други можни аргументи, но вистината е ова – во рамката се официјализира македонскиот јазик како таков и влегува дел од 25-те европски јазици.“

Според Османи, постоеле и дезинформации кои се шират во однос на новиот предлог. Една од нив била дека билатералните прашања, односно дека договорите со Бугарија се внесени во рамката со сегашниот европски предлог, потенцирајќи дека тоа било со сите предложени рамки досега.

„Кажуваа дека договорите влегле во оваа рамка. Не е точно. Договорите секогаш биле во секоја варијанта на рамката, откога постои рамка, откога постои разговори меѓу нас и ЕУ. Значи првата лага во овој пакет, бидејќи сакам така да ги демантираме едно по едно, е дека договорите со Бугарија биле внесени во рамката. Не е точно. Секогаш биле во рамката“, рече Османи.

- повеќе: Што содржи Протоколот од македонско-бугарската меѓувладина комисија

Министерот за надворешни работи објаснува дека ново во францускиот предлог било тоа што делот за човековите и малцинските права „само е спуштен во посебен параграф, надвор од патоказот како засебен акциски план“.

Дообјаснувајќи во што била разликата помеѓу „прифатливата рамка од сите други“ и „новата француска рамка за која што се покрена хистерија“, Османи рече:

„Значи што е разликата? Овде вели договорот, а тука договорот, годишните прегледи и мерки за имплементација. Што е разлика меѓу договор и негова имплементација? Тука вика да го имплементирате договорот со опипливи резултати, овде вели опипливи резултати на Договорот како и годишните прегледи за негова имплементација. Тоа е тоа во општиот дел. Ова не е во делот кај што се патоказите. Многу е тоа важно“, потенцираше Османи, според кого разликата помеѓу германскиот и францускиот предлог е прашање на формулација на реченици.

- повеќеКовачевски: Сите идентитетски прашања се заштитени во францускиот предлог

Северна Македонија ќе ги вметне во Уставот Црногорците, Хрватите и Бугарите, и тој процес на уставни измени, како што објасни министерот за надвпрешни работи, би бил пред отворањето на првото поглавје.

„Почетокот на преговорите, прва меѓувладина конференција, отворање на преговорите, фул скрининг процес, до завршување на скринингот пред отворање на првото поглавје треба да направиме уставни измени. Кои уставни измени? Заедно со шест други заедници да ги внесеме и Црногорците, Хрватите и Бугарите.“