1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Фотографија: picture-alliance/dpa

Нов обид за двојното државјанство

ЕМФ/дпа/епд
5 јули 2013

Германските покраини во кои на власт се СПД, Зелените и Партијата на левицата со нов обид за дозвола за двојно државјанство. Бундесратот се изјасни позитивно за законската иницијатива на повеќе покраини.

https://www.dw.com/mk/%D0%BD%D0%BE%D0%B2-%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D0%B4-%D0%B7%D0%B0-%D0%B4%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%BD%D0%BE%D1%82%D0%BE-%D0%B4%D1%80%D0%B6%D0%B0%D0%B2%D1%98%D0%B0%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE/a-16931748

Покраините во кои на власт се социјалдемократите (СПД), Зелените и Партијата на левицата, бараат во Германија да биде генерално дозволено двојно државјанство и да се укине таканаречениот опционен модел. Досега, децата на странците родени во Германија стануваат Германци, но го задржуваат државјанството на своите родители. Во периодот меѓу нивната 18 и 23-годишна возраст тие мора да се одлучат за едно државјанство. Сега можност да имаат два пасоша им е дадена само на граѓани од определени земји на ЕУ или Бразил.

Денешната (05.07) иницијатива на претставништвото на покраините, Бундесратот, сега треба да оди во Бундестагот. Изгледи за успех, со оглед на актуелниот распоред на политичките сили во парламентот, засега нема. Во Бундестагот мнозинство имаат партиите на Унијата (ЦДУ и ЦСУ) и либералите (ФДП). Досега во Бундестагот пропаднаа повеќе барања на опозицијата за двојно државјанство. Но иницијаторите се надеваат дека по изборите наесен, односот на политичките актери во парламентот ќе се промени.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Македонија знаме

Македонскиот руски круг

Mazedonien Ljupco Popovski
Љупчо Поповски
Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми

Врати се на почетната страница