Неформална средба на шефовите на ЕУ дипломатиите
30 март 2007Реклама
Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска се собираат на неформална средба во германскиот град Бремен. Една од главните цели на состанокот е да пронајде заеднички курс во однос на Косово и неговиот статус. Не сите земји членки го поддржуваат планот на специјалниот пратеник на ОН, Марти Ахтисари. На дневниот ред се наметна и спорот меѓу Иран и Велика Британија поради апсењето на британските војници. Министрите ќе разговараат и за атомскиот конфликт со Техеран.