Нема да има задолжителна вакцинација во Германија | Информации и анализи за Германија | DW | 07.04.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Нема да има задолжителна вакцинација во Германија

Во Германија нема да се воведе задолжителна вакцинација против Ковид, одлучија денеска германските пратеници.

Deutschland | Debatte über Impfpflicht im Bundestag

Демонстрант пред зградата на парламентот во Берлин носи плакат на кој стои: „Не за принудно вакцинирање!“

Предлог законот со кој се предвидуваше обврска за вакцинирање на лицата над 60 години денеска (7.04) не го доби потребното мнозинство гласови во Бундестагот. Пратениците гласаа поединечно, а „за“ предлог законот се изјаснија само 296-мина. Против беа 378 пратеници, додека деветмина беа воздржани.

За општа обврска за вакцинирање се изјасни и канцеларот Олаф Шолц (СПД). Поради очигледните разлики во мислењата, владеачката коалиција на СПД, ФДП и Зелените не поднесе владин предлог. Мнозинството пратеници од овие три партии поднесоа компромисен предлог, кој предвидуваше задолжителна вакцинација за лицата над 60 години. Овој предлог не помина на седницата на Бундестагот.

Deutschland | Debatte über Impfpflicht im Bundestag | Abstimmung

Пратениците гласаа поединечно во врска со предлог законот за обврска за вакцинирање

Инаку, на гласање во парламентот се најдоа неколку предлози. Членовите на Унијата бараат закон за превенција со вакцинација. Два други предлога беа против задолжителна вакцинација. Против обврска за вакцинирање се изјаснуваат пратеници од различни пратенички групи. Тие сакаат зголемување на свеста за вакцинирање преку поголемо информирање. АфД имаше свој предлог насочен против задолжително вакцинирање.

Во моментов, најмалку 63,2 милиони Германци, или 76% од населението, има примено две вакцини против Ковид. Но, сега вакцинирањето е речиси запрено. Од средината на март почна да важи обврската за вакцинирање на вработените во здравството и институциите за нега.