НАТО бара од Македонија прогрес во политичкиот дел | Вести | DW | 20.11.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

НАТО бара од Македонија прогрес во политичкиот дел

*

Прогрес во политичкиот дијалог, докомплетирање на судскиот совет и имплементација на законот за полиција се краткорочните мерки кои ги бара НАТО од Македонија. Ова го изјави македонскиот министер за одбрана Лазар Еленовски по вчерашната средба во Брисел со ЕУ Тројката која ја сочинуваат министрите за одбрана на Португалија, Германија и Словенија, односно актуелниот, претходниот и идниот претседавач со Унијата. Пофалени се реформите во одбраната, но неопходен е прогрес во политичкиот дел, нагласиле министрите за одбрана.