Наследникот на Груевски ќе се избира од „старата гарда“? | Северна Македонија | DW | 04.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Наследникот на Груевски ќе се избира од „старата гарда“?

По најавената оставка на партискиот лидер Никола Груевски, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ синоќа одлучи да свика Конгрес на 23 декември годинава. Се очекува да се избере наследник на долгогодишниот претседател.

Најавената оставка на Никола Груевски од челната позиција на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде разгледувана на вонреден партиски конгрес на 23 декември, одлучи синоќа партискиот Извршен комитет. Груевски ја најави оставката во интервју за порталот „Курир“ во петокот и рече дека таа нема да биде условена од анализата на изборните резултати на партијата.
„Дури и ако мојата вина е мала или најмала или дури ако се утврди дека немам објективна вина за поразот, јас ќе поднесам оставка пред органите на партијата“, рече Груевски. 

Повеќе на оваа тема: 

Додека на Груевски не му се стемни, на ВМРО-ДПМНЕ нема да ѝ се раздени

Груевски се повлекува од челната позиција во ВМРО-ДПМНЕ

Mицкоски го разреши Груевски

Најголемата дилемата која виси во јавноста, засега се однесува на организацијата на самиот конгрес. Внатрепартиските критичари на Груевски велат дека Конгресот не може да се организира според стариот статус, затоа што на тој начин ќе му се овозможи на лидерот да си инсталира свој човек на чело на партијата. Тие бараат модернизација и демократизација на партијата, и сметаат дека тоа не може да се оствари преку инсталирање „марионети“ на чело на партијата.

Mazedonien Ilija Dimovski, Kandidat der regierenden VMRO-DPMNE (DW/P. Stojanovski)

Медиумите шпекулираат со името на Илија Димовски како можен наследник на Груевски

Во јавноста веќе подолго време се шпекулира со имињата на можните наследници на Груевски. Најчесто споменувано име е генералниот секретар Христијан Мицковски, но веројатноста тој да го наследи Груевски е многу мала. Во базата, наводно, поддршката за Мицковски била минорна и тој не бил прифатен од поголемиот дел од членството. Поверојатни се „старите“ партиски кадри. Во прв ред се споменуваат Антонио Милошоски и Илија Димовски, а шанси му се даваат и на Влатко Ѓорчев. Дел од постарите партиски кадри „навиваат“ и за Емил Димитриев, поранешниот технички премиер.

Не е исклучено на конгресот да се кандидира и некој од „реформското“ крило на партијата.

 

DW.COM

Реклама