„Момент на вистината“ меѓу Ципрас и Заев во Давос | Северна Македонија | DW | 24.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

„Момент на вистината“ меѓу Ципрас и Заев во Давос

Грчките медиуми јавуваат дека Атина има многу резерви околу евентуалниот договор и забелешки за членот 49 од македонскиот Устав. Ципрас во Давос сака да види дали Заев навистина е заинтересиран за договор

Вниманието на јавноста во Македонија и Грција денеска е вперено кон швајцарските Алпи, каде премиерите Ципрас и Заев ќе се обидат да ја расчистат децениската магла во меѓудржавните односи на надморска височина од 1.560 метри. Средбата во Давос е првата можност за обајцата да ги потврдат оптимистичките најави за можно решавање на спорот за името уште во текот на оваа година.

Грчкиот весник Катимерини од извори блиски до Ципрас пренесува дека грчкиот премиер смета оти состанокот со Заев ќе биде „момент на вистината“, од кој „ќе стане јасно дали Заев е навистина искрен во најавениот интерес за изнаоѓање компромис“.

Сепак во Атина, тврди Катимерини, останува загриженоста во однос на „уставот на БЈРМ“, кој според владини кругови и натаму содржи „иредентистички цели“.

Конкретно се наведува членот 49 од Уставот на Република Македонија во кој се наведува дека „Републиката се грижи за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија...“

Дополнително, Атина е загрижена и поради тоа што евентуалната промена на Уставот во соседната земја би бил долг процес.

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама