Могерини и Хан остро го осудија нападот во Собранието | Македонија | DW | 27.04.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Могерини и Хан остро го осудија нападот во Собранието

Двајцата претставници на ЕУ повикуваат на почитување на Уставот, демократските принципи, пристојност и разум. Го честитаат изборот на Џафери за спикер на Собранието.

Најсилно ги осудуваме тековните напади врз членови на парламентот во Скопје. Насилството во парламентот е целосно неприфатливо и повикуваме на смиреност и воздржаност“, велат во заедничката изјава високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини и комесарот за проширување Јоханес Хан. 
„Демократијата мора да продолжи по својот пат. Го поздравуваме изборот на Талат Џафери за парламентарен спикер. 
ЕУ е убедена дека политичкиот дијалог во институциите е единствениот пат напред и ги повикуваме сите актери да го почитуваат Уставот на државата и да делуваат во духот на демократските принципи, пристојност и здрав разум. 
Европската Унија е подготвена да работи со парламентот на неопходните реформи за да се придвижи земјата напред кон европскиот пат“. 

Реклама