Мицкоски не го прифаќа францускиот предлог и повикува на протест | Северна Македонија | DW | 01.07.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Мицкоски не го прифаќа францускиот предлог и повикува на протест

Тој повика на протест и оцени дека одобрување на ваква рамка значи „или во ЕУ асимилирани и бугаризирани или секогаш да се остане надвор од ЕУ“

Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, на прес-конференција  го отфрли францускиот предлог оценувајќи дека е ултимативен и значи срам, пораз и капитулација на земјата. Тој повика на сенароден протест утре (22.07) пред Владата во 19 часот, со цел да се спаси процесот на преговори со ЕУ.  

Тој ги објави двата документи коишто ги предложи Франција за време на претседателството со ЕУ, наведувајќи дека станува збор за предлог кој ги содржи сите  бугарски барања и во делот на историјата, и во делот на јазикоти во делот на идентитетот.

„Прифаќањето на ваквиот предлог подразбира целосно право на Бугарија да менува учебници и да ги пишува согласно бугарскиот диктат, а нашите деца во основното образование да учат според бугарскиот диктат или нема европска иднина. Прифаќање дека Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански и останатите херои и револуционери биле Бугари, дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот“, вели Мицкоски. Обвинувајќи го премиерот и министрите дека не ја кажуваат вистината, тој рече дека во двата документи само се сменети зборчиња, направена е семантичка инверзија, што Владата го претставува како успех. 

Бугаризирани во ЕУ 

Мицкоски вели дека земјата нема да го отвори првиот кластер се додека не се случат уставните измени на кои се повикуваат заклучоците од Европскиот совет. „На страна 8, пак, од предлогот, е избришан делот каде во првиот дел стоеше делот за јазикот, ама јасно стои дека Македонија не може да го почне процесот на преговори се додека не биде потпишан протоколот од втората средба на заедничката меѓувладина комисија која е основана врз основа на чл. 12 од Договорот за добрососедство, што го има нашата Влада потпишано со Бугарија. Тоа е оној протокол во кој се содржани историјата, културата, се што треба да се направи како измена во нашите учебници“, додаде Мицкоски.

Според него, одобрување на ваква рамка значи „или во ЕУ асимилирани и бугаризирани или секогаш да останеме надвор од ЕУ“. „Јас ултиматуми по цена на достоинство на народот не прифаќам и никогаш нема да се согласам на тоа. Оваа Влада прави огромна штета, бидејќи овој предлог ги содржи сите бугарски барања и во делот на историјата, и во делот на јазикот и во делот на идентитетот.