Мицкоски бара брзи избори, Ковачевски повика на одговорно однесување во парламентот | Северна Македонија | DW | 05.05.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Мицкоски бара брзи избори, Ковачевски повика на одговорно однесување во парламентот

Премиерот порачува дека не подлегнува на уцени и закани, а неговиот политички опонент, пак, вели дека не е склон на нарачки или притисоци.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска при посетата на Гевгелија повторно ја повика владејачката СДСМ на разговори и на брзи предвремени избори, но оттаму му одговорија дека избори ќе има - но редовни во 2024 година. Додека лидерот на опозицијата одговорноста за најавената блокада на Собранието и тоа што ќе се случува понатаму во земјата го префрли на адреса на власта, која според него, не ги прифаќа повиците за заедништво и дијалог, премиерот Димитар Ковачевски е дециден дека најавената блокада на Собранието е неодговорно однесување кое што не носи добро никому.

„Ова е едно неодговорно однесување кое што не носи добро никому освен на оној којшто тоа го прави, а тоа е Никола Груевски кој очигледно дека се уште му дава наредби на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ да прави вакви чекори. Собранието треба да биде место каде што се унапредуваат законите, каде што се носат решенија за справување особено со кризава која што ја имаме во државата, а која што е резултат на војната која што се води во Украина. Блокирање на Собранието е најлошото нешто што може некој политичар да го направи во овој момент“, вели Ковачевски.  

Блокирани закони

Тој констатираше дека Собранието е блокирано веќе подолго време, што доведе до тоа да бидат заглавени голем број закони. „Ако ги погледнете законите коишто се заглавени во Собранието,токму на иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ, а не се работи за еден, два, три, 10, 15, 20, туку се работи за многу повеќе закони, тогаш ќе знаете дека тоа е однесување кое што во континуитет го отсликува однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ“, вели премиерот. 

Nord-Mazedonien Skopje | Kommunalwahl Hristijan Mickoski

Извршниот комитет на партијата на седницата во средата (04.05) му даде поддршка на Мицкоски за активен бојкот на Собранието.

Ковачевски порачува дека не подлегнува на уцени и закани, а неговиот политички опонент Мицкоски, пак, вели дека не е склон на нарачки или притисоци. Тој обвини дека „СДСМ знаe како е да добиваат нарачки од еден град во близина на Гевгелија, од едно познато семејство“.„Тие можеби работат по тој принцип на нарачки, но ВМРО-ДПМНЕ работи исклучиво за интересите на граѓаните и интересите на Македонија и така и ќе продолжи“, вели првиот човек на опозициската партија.

-повеќе на темата: Нема ниту еден мост меѓу власта и опозицијата

Извршниот комитет на партијата на седница во средата (04.05) му даде поддршка на Мицкоски за активен бојкот на Собранието. За сите понатамошни последици, според Мицкоски, власта ќе биде таа која ќе биде одговорна. 

„Јас лично и ВМРО-ДПМНЕ многу пати во изминативе сто дена повикувавме на заедништво, повикувавме на дијалог да седнеме да зборуваме за проблемите, за одржување на предвремени парламентарни избори, па ако се навистина толку јаки, ако велат дека народот ги сака, тие ќе нѐ декласираат на тие предвремени избори и ќе имаат чист мандат од четири години да ги спроведат политиките кои велат дека народот ги поддржува“, повика Мицкоски.

.