Миграцијата предизвикува раскол во ЕУ | Свет | DW | 15.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Миграцијата предизвикува раскол во ЕУ

За санкциите за Русија согласни, за мигрантите, меѓутоа не. Источните членки на ЕУ одбиваат да примат бегалци, а канцеларката Меркел не прифаќа „селективна солидарност“.

Претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск се погрижи за возбуда уште пред почетокот на самитот. Тој во поканата за собирот укажа на очигледните поделби во рамките на ЕУ кога станува збор за проблемот на миграцијата. Земјите од „Вишеградската група“ - Унгарија, Полска, Чешка и Словачка, се согласија со Туск, бидејќи тој во поканата призна дека претходно договорениот систем за распределба на бегалците според квоти не функционира. Другите држави, како Германија, инсистираат сите држави на ЕУ, вклучително и државите од „Вишеградската група“ да ги исполнуваат своите должности и да прифатат азиланти. Предлозите на Туск не се доволни, оцени во Брисел канцеларката Ангела Меркел. „ Не може да има селективна солидарност меѓу државите-членки. Даблинскиот систем воопшто не функционира и за тоа ни се потребни решенија, солидарни решенија“.

Повеќе на темата:

-ЕУ-самит: Тензии поради бегалските квоти

-Преку Балканската рута не смее „пиле да прелета“

-Вишеград си води сопствена политика за бегалците

Пари наместо мигранти

На почетокот на предбожикниот самит на Унијата, Туск уште еднаш јасно укажа на расколот во ЕУ за прашањето на миграциите, но и кога станува збот за развојјот на монетарната унија, односно еврозоната. „Кога станува збор за тоа, ние сме едноставно речено географски поделени на север и југ. За прашањето на миграциите пак на запад и исток“, нагласи Туск.  „Тие ровови се набиени со емоции, што ни отежнува да пронајдеме заеднички јазик и заеднички аргументи. Затоа мораме да работиме и повеќе и подобро за нашето единство“.

По признанието дека системот на квоти на распределба на мигрантите не функционира, Европската комисија сега предлага да се примени „доброволен систем“, кој на земјите како Полска или Унгарија кои ги отфрлаат квотите би им овозможил воопшто да не прифаќаат бегалци. Тие земји наместо тоа би можеле да пружат некои други услуги, кои би им ја олесниле позицијата на Грција и на Италија, земји во кои пристигнува мнозинството мигранти.

Дискусијата за новиот систем за мигранти, ќе продолжи и на наредните самити на ЕУ. Некакво решение не може да се очекува пред јуни 2018 година.  Државите од „Вишеградската група“ веќе на Брисел му ставија до знаење како тие го замислуваат својот придонес: сакаат да платат наместо да примат мигранти. Со премиерот на Италија, Паоло Џентилони веќе договорија уплата во висина од 35 милиони евра за јакнење на капацитетите на крајбрежната стража во Либија и за дополнително обезбедување на поморската граница, која Италија ја контролира во име на ЕУ. 

Враќање на мигрантите од Либија

Паралелно со самитот, шефицата на дипломатијата на ЕУ федерика Могерини во Брисел разговараше со комесарката за социјални прашања на Африканската унија, Амира ел Фади. Таа изјави дека ситуацијата во прифатните бегалски кампови во Либија е катастрофална и изнесе податок дека во таа земја се наоѓаат околу 700 илјади бегалци од цела Африка. Мнозинстото од нив не може да оди во Европа и затоа би требало да се врати во земјите на потекло. „Комисијата на Африканската унија и нејзините членки работат на тоа и тие земји да се подготвени да ги примат луѓето назад. Тие соработуваат“, рече Амира ел Фади.

Тој процес на репатријација од Либија би требало дополнително да се зајакне. ЕУ ќе настојува да им овозможи на повратниците повторно да се интегрираат“, најави Могерини. За таа цел, вети и дополнителни финансиски средства. Покрај тоа, нагласи Могерини, либиската држава мора да биде стабилизирана. „Ние во моментов сме концентрирани на миграциите, но во Либија тоа воопшто не е најважно. Мораме, имено да разговараме за политичката и безбедосна ситуација во Либија, со цел земјата да илезе од бесконечната криза“.

Брегзит влегува во наредната фаза

Миграциите не беа единствената тема за која во Брисел разговараа шефовите на држави или на влади на земјите од ЕУ. Продолжени се санкциите против Русија, а на деневен ред беше и излегувањето на Велика Британија од Унијата. Денеска (15.12.) ќе биде дадено зелено светло за почеток на преговорите за слободна трговија и преодната фаза за велика Британија.

Повеќе на темата:

-ЕУ-Велика Британија: Пробив во спорот за Брегзит

-Лондон има термин за излез од ЕУ

Премиерката Тереза Меј претходно вети дека нејзината земја ќе ги исполни обврските кога станува збор за правата на граѓаните, финансиските обврски и границата меѓу членката на ЕУ Ирска и Северна Ирска која припаѓа кон Велика Британија. Досега преостанатите 27 членки на ЕУ имаат единствен став кон Лондон. Претседателот на Советот на ЕУ се надева дека така и ќе остане и кога ќе се водат преговорите за трговските односи по Брегзит. „не се сомневам дека втората фаза на преговорите за Брегзит ќе биде вистински тест за нашето единство“., истакна Доналд Туск.

 

DW.COM

Реклама