1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел е против поголема моќ за Брисел

ЕМФ/афп2 јуни 2013

Германската канцеларка Ангела Меркел е против зголемување на овластувањата на Европската комисија. Таа оценува дека тоа би го нарушило балансот во ЕУ.

https://p.dw.com/p/18iVC
Фотографија: picture-alliance/AP

Ангела Меркел за магазинот „Шпигел“ изјави дека не „гледа неопходност“ за зголемување на овластувањата на Европската комисија во наредните години. Германската канцеларка рече дека заедно со францускиот претседател Франсоа Оланд е на мислење дека членките на Европската унија треба подобро да ја координираат својата политика, особено економската - политиката на пазарот на работна сила, пензиската политика, но и даночната и социјалната политика. Економско-политичката координација во Европа е „преслаба“ и мора да се зајакне, оцени Меркел, нагласувајќи дека тоа сепак не значи „повеќе компетенции за Брисел“.

Германската канцеларка истовремено се изјасни и против директен избор на претседател на Европската комисија. „По тоа прашање сум воздржана“, рече Меркел. „Претседател на Комисијата кој би бил избран директно од народот би морал да има и сосема поинакви овластувања отколку што сега е случај“, додаде канцеларката. Тоа, меѓутоа, „би го нарушило балансот во ЕУ“, оцени Ангела Меркел за „Шпигел“.