Меркел го храбри Заев: Парламентот да одлучи за уставните измени | Северна Македонија | DW | 09.10.2018

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Меркел го храбри Заев: Парламентот да одлучи за уставните измени

Германската влада денеска го објави писмото кое канцеларката Меркел му го испратила на македонскиот премиер Заев на 5 октомври. Во него Меркел ветува натамошна поддршка за имплементација на Преспанскиот договор.

Германската канцеларка Ангела Меркел оценува дека големо мнозинство од над 90 проценти од оние кои гласале на референдумот се изјасниле за поддршка на Договорот со Грција за решавање на спорот за името. Во писмо адресирано до македонскиот премиер Зоран Заев, Меркел вели дека сега е задача на парламентот да го спроведе договорот до крај.

„Спогодбата отвора шанса за историски договор и зајакнување на добрососедските односи. Притоа, се отстранува од патот и една важна пречка за приближувањето на Вашата земја кон ЕУ и НАТО. Сега е важно да се преземат следните критични чекори за имплементирање на договорот за името, со тоа што парламентот ќе одлучи за неопходните уставни измени“, наведува Меркел во писмото.

На крајот таа порачува дека се радува што и натаму „ќе работи на остварување на оваа цел“ заедно со македонскиот премиер.

Германската канцеларка во септември годинава ја посети Македонија и тогаш порача дека земјата е исправена пред историска шанса. Меркел тогаш ги повика граѓаните да излезат и да го дадат својот глас на референдумот, и со тоа да ја одредат иднината на државата. Тоа беше прва официјална посета на германски канцелар на Македонија, по кусата на Герхард Шредер во 1999 година.

 

DW.COM