Мајк Илич сакаше да им помага на луѓето | Македонија | DW | 17.02.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Мајк Илич сакаше да им помага на луѓето

Македонскиот Американец Мајк Илич, милијардер и почитуван граѓанин на Детроит, кој почина пред една недела, со години ја плаќал станарината на жената борец за граѓански права во САД, Роза Паркс.

Мајк Илич беше погребан вчера. Тој му даде многу на својот Детроит. 

„Мислам дека господинот Илич беше најзначајната личност во Детроит. Тој беше Детроит“, пробува да објасни еден жител на Детроит.

„Мистер Ај“, како што го нарекуваа, понекогаш помагаше без никој да знае за неговиот ангажман. Меѓу другото, ја плаќаше станарината за иконата на американското граѓанско движење, Роза Паркс.

Таа е позната по одбивањето да отстапи место за белец во автобус, што ѝ даде поттик на борбата против сегрегацијата во САД. Во 1994 година беше нападната и ограбена во нејзиниот дом во Детроит.

Федералниот судија Дејмон Кит се сеќава:

„Му реков: Мајк не сакам Роза Паркс да се враќа во тоа лошо соседство.

Илич организирал сместување за Паркс во подобар стан и 11 години ги плаќал сметките за станарина.

„Тој едноставно веруваше во помагање на луѓето“, вели Кит.

Гледај видео 00:49

Хуманоста на Мајк Илич

 

 

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама