Матис: Нема да се пука во мигрантите | Свет | DW | 22.11.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Матис: Нема да се пука во мигрантите

Американскиот министер за одбрана исклучува употреба на огнено оружје при инциденти со мигрантите на границата со Мексико. Војниците ќе бидат опремени само со пендраци и штитови, истакнува Џим Матис

Во случај бегалците да се обидат насилно да ја преминат границата на Мексико за да влезат во САД, царината и граничната служба имаат право да побараат зајакнување од воени единици, но војниците нема да бидат вооружени, изјави американскиот министер за одбрана, Џим Матис. Војниците се опремени со штитови и пендраци, а не со било какво огнено оружје, подвлече министерот. Според него, моментно на границата кон Мексико се ангажирани вкупно 5.764 војници.

Американскиот претседател  Доналд Трамп  испрати војска на границата поради надоаѓањето на т.н. мигрантски караван. Во пресрет на конгресните избори, Трамп зборуваше за претстојна „инвазија“, не исклучувајќи дури и употреба на огнено оружје против бегалците. 

Mexiko Tijuana Proteste gegen Migranten aus Mittelamerika (Getty Images/J. Moore)

Во Тихуана веќе има протести против бегалците од Централна Америка

Во меѓувреме  илјадници мигранти на пат од Централна Америка кон САД  стигнаа во мексиканскиот граничен град Тихуана. Во најголемото бегалско сместувалиште во спортскиот комплекс „Бенито Хуарез“ само во текот на вчерашниот ден пристигнале околу 1.300 луѓе. Во градот сега престојуваат веќе 4.500 мигранти, а локалните служби прогнозираат бројката скоро да достигне 10.000. Кај домашното население владее во меѓувреме непријателско расположение кон дојденците. Тихуана и други градови на границата со САД засега се крајна станица за овие луѓе. Со оглед на тоа што постапката за азил во САД се влече и по цели месеци, бројни мигранти остануваат заглавени во Мексико, без работа, без сместување и зависни од помошта на државата. Градоначалникот на Тихуана, заедно со стотици жители, побараа од мигрантите да се вратат во нивните земји: Хондурас, Ел Салвадор и Гватемала, од каде што пред околу еден месец тргнаа во бегство поради сиромаштијата и насилството кои владеат таму.

DW.COM

Реклама