1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Матис во Македонија за поддршка на референдумот

БГ /АФП
12 септември 2018

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис во вторникот најави дека ќе ја посети Македонија пред референдумот на 30 септември за промена на името, изразувајќи притоа загриженост поради руско наводно руско мешање.

https://p.dw.com/p/34ihI
USA PK vom Verteidugungsminister Jim Mattis im Pentagon
Фотографија: Getty Images/Z. Gibson

Шефот на Пентагон изјави дека е загрижен оти Русија би можела да се обиде да се вмеша во исходот на референдумот, од чиј успех зависи членството на Македонија во НАТО.

„Демократиите треба да бидат оставени намира“, рече Матис.

„Доколку нивниот амбасадор сака нешто да изјави, тоа е едно. Но проблемите кои Русија ги создаде од Естонија до САД, од Украина и сега во Македонија, тоа е секогаш прилагодено на одредена ситуација и секогаш е надвор од сите правила“.

„Ќе отидам таму за да ставам многу јасно до знаење дека ние го поддржуваме македонскиот народ“.

Матис е највисокиот државен претставник на САД кој ќе дојде во Скопје во пресрет на референдумот. В четврток во земјата ќе престојува помошникот државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел.

Прашањето за мешањето на Москва и обидите за уривање на Договорот од Преспа се актуелизираа откако Грција летово исфрли двајца руски дипломати од земјата. Македонскиот премиер Заев потоа тврдеше дека дел од протестите и насилствата во неговата земја против договорот со Грција биле спонзорирани од грчки бизнисмени со руски врски.