1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лавров во Турција

Томас Борман 3 септември 2008

Рускиот министер Сергеј Лавров беше на разговори во Истанбул со турскиот колега по функција Али Бабачан во врска со конфликтот во Кавказот, но и околу проблемите во меѓусебната трговија.

https://p.dw.com/p/FAPa
Рускиот министер Сергеј ЛавровФотографија: AP

Турските камиони кои превезуваат домати или текстил во Русија чекаат и по 20 денови на руската граница и се детално претресувани од руските цариници. Турскиот министер за надворешна трговија Кирсад Тирмен се закани со контра-мерки. Но, министрите за надворешни работи настапија помирливо и во пријателски тон. Обајцата укажаа на фактите: Русија е најголем трговски партнер на Турција и трендот продолжува по нагорна линија, три милиони Руси секоја година одат на одмор во Турција и и овде трендот е на нагорна линија.

Проблемите не биле заобколени.„И покрај овој позитивен биланс, има еден проблем – стоковиот сообраќај од Турција кон Русија е попречуван од побавната постапка на руската царина. Разговаравме за таа тема. Уверен сум дека проблемот ќе биде надминат“.

Согласност не била постигната

Турските весници беа полни со шпекулации дека блокадата на турските стоки е казна од Русија оти Турција им дозволила на американските воени бродови да впловат преку Босфорот во Црно море и натаму во насока кон Грузија. Лавров ги отфрли претпоставките дека попречувањата имаат некаква врска со конфликтот во Кавказот и образложи дека стоките од Турција се контролираат повнимателно оти често пати не одговарале на руските норми. Царинските власти на двете земји се на пат да го решат проблемот, рече тој.

Предвидувањата на турските весници дека Русија би можела натамошно да ја казни Турција со запирање на испораката на гас, Лавров ги означи како апсурдни.

Во врска со конфликтот во Грузија, министрите останаа на различните позиции: Русија ја брани независноста на Јужна Осетија и Абхазија, а Турција тие региони ги смета и натаму за дел од Грузија: „Ние полагаме голема вредност врз единството, суверенитетот и независноста на Грузија. Во тоа нашите гледишта се разликуваат од руските. Но, и пријатели понекогаш можат да имаат различни мислења“ , нагласи Бабачан и пријателски му ја стисна раката на Лавров.