Крвава драма во училиште во Флорида | Панорама | DW | 15.02.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Крвава драма во училиште во Флорида

19-годишно момче уби 17 лица во средно училиште во Паркланд, во американската сојузна држава Флорида. Убиецот е уапсен.

Во САД повторно се случи повеќекратно убиство во училиште, овојпат во сојузната држава Флорида, во Паркланд, на 70 километри од Мајами, каде 19-годишник застрелал 17 лица. Напаѓачот, поранешен ученик во средното училиште, кратко пред завршувањето на часовите, вооружен со автоматско оружје и опремен со гас-маска, го вклучил алармот, изјави сенаторот Бил Нилсон за СиЕнЕн. Во моментот кога учениците и професорите излетале од училниците, напаѓачот отворил оган. Според локалниот шериф Скот Израел, по инцидентот убиецот дозволил, без пружање отпор, да биде приведен од страна на полицијата. Меѓу загинатите има ученици, но и возрасни лица, 13 се повредени, од кои пет се во тешка состојба. Напаѓачот неодамна бил исклучен од училиштето по поведената дисциплинска постапка против него. Негови соученици велат дека понекогаш зборувал жолчно за оружје, но никој не го сфаќал сериозно.

Florida, Schießerei in einer High School (picture-alliance)

17 лица загинаа, а 13 се повредени во инцидентот

Американскиот претседател Доналд Трамп им изрази сочувство на семејствата на загинатите преку Твитер, при што напиша: „Ниедно дете, ниеден професор и никој друг не треба да се чувствува несигурен во американско училиште.“ Претходникот на Трамп, Барак Обама, се залагаше за заострување на правото за носење оружје во САД. Дебатата постојано се разгорува поради постојаните слични инциденти во американските училишта.

 

Реклама