Красимиров го призна убиството на Маринова, но не и силувањето | Свет | DW | 12.10.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Красимиров го призна убиството на Маринова, но не и силувањето

Германските обвинители велат дека осомничениот убиец на бугарската телевизиска новинарка за време на распитот го признал убиството, но негира дека ја силувал и дека извршил кражба. Екстрадицијата во рок од 10 дена

Обвинителите во германскиот Целе денеска соопштија дека 21-годишниот Северин Красимиров кој е главен осомничен за убиството на бугарската новинарка Викторија Маринова, го признал злосторството за време на испрашувањето. Осомничениот признал дека бил под дејство на алкохол и наркотици во моментов кога влегол во расправија во непозната жена во паркот во градот Русе. Красимиров изјавил дека најпрво ја удрил по лицето, а потоа и ја отфрлил во грмушки, но „немал намера да ја убие“.
Обвинителите велат дека Красимиров ќе биде екстрадиран во Бугарија во следните 10 дена.

Телото на 30-годишната Маринова беше пронајдено во саботата во паркот каде отишла да џогира. Истрагата утврди дека била и силувана.

Bulgarien Viktoria Marinowa Begräbnis in Ruse (Reuters/S. Nenov)

Маринова денеска беше погребана во својот роден град- Русе

Осомничениот најпрво побегнал во Романија, а оттаму во Германија каде живеат неколку негови роднини.
Бугарската полиција соопшти дека пронашла работи кои и припаѓале на Маринова во домот на осомничениот. Неговата ДНК била пронајдена и на нејзиното тело.

Случајот крена голема прашина во цела Европа. Многу се шпекулираше и околу мотивот за убиството и се укажуваше дека новинарката во последниот период интервјуирала истражувачки новинари кои се занимавале со откривање на корупција при користењето на ЕУ фондовите во Бугарија.

Германските обвинители велат дека во сведочењето на Красимиров не пронашле „никаква политичка мотивација“ за убиството.

 

DW.COM

Поврзана содржина