1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Убиството на Маринова- политички мотивирано дело?

8 октомври 2018

Дури и ако се покаже спротивното, спостојбата со медиумите во Бугарија е толку лоша што веднаш се помислува оти убиството на новинарката Маринова е политички мотивирано вели Даниел Кадик, од фондацијата Фридрих Науман,

https://p.dw.com/p/36AZA
Journalistin Viktoria Marinova Bulgarien
Фотографија: BGNES

ДВ: Господине Кадик, може ли да сметаме дека убиството на госпоѓа Викторија Маринова е поврзано со нејзината професија или пак се работи за криминален случај. Кое е Вашето мислење?

Даниел Кадик: Не можеме точно да кажеме, за што се работи. За жал полицијата откри дека таа била силувана и на најлош начин малтретирана. Интересно е дека целото граѓанско општество во Бугарија веднаш реагираше на случајот и дека никој во Бугарија нема дилеми дека може да се работи за политички мотивиран случај. Дури и да се покаже дека се работи за дело поврзано со проблеми во врската или пак дека зад него има други мотиви, мора да констатираме дека ситуацијата со слободата на медиумите во Бугарија е толку лоша што секој веднаш помислува дека е политички мотивирано дело.

Веќе подолго време ја набљудувате ситуацијата со медиумите во Бугарија, па Ве молам да ни објасните зошто е толку лоша ситуацијата?

Бугарија де факто е на светско ниво на 111-то место во однос на слободата на медиумите. Со тоа Бугарија не само што е на опашката на ЕУ, туку и од цел Балкан. Зад тоа има повеќе причини: од една страна на хартија имаме слободни медиуми, но од друга страна многу централизирана сопственичка структура, што значи дека малкумина сопственици ги имаат медиумите под контрола. Тука имаме функционирачки рекламен пазар, односно голем дел од финансирањето тече преку средства од ЕУ на пример, кои се распределуваат преку Советот на министри, така што постои силна автоцензура во медиумите. Тоа за жал води до случаи на екстремна корупција во земјата и закани за новинари, особено оние што се занимаваат со истражувачко новинарство.

Да се вратиме на убиството на госпоѓа Маринова. Таа во нејзината емисија известуваше за афера, која била истражувана преку интернет страница за решарширање која пак делумно ја финансира Вашата фондација, Фридрих Науман. Дали е тоа точно?

Ние навистина соработуваме со истражувачките новинари од страницата Бивол. Тука во Бугарија имаме Црна книга во која откриваме случаи на злоупотреба на даночни пари и за тој дел соработуваме со тие новинари. Еден од нив, Димитар Стојанов, пред неколку недели беше уапсен заедно со негов романски колега додека истражуваа случај за злоупотреба на средства на ЕУ, односно за корупција поврзана со тие средства.

Daniel Kaddik, Leiter des Programmes für Südosteuropa der Friedrich-Naumann-Stiftung für die Freiheit
Даниел КаддикФотографија: Friedrich-Naumann-Stiftung/Zdravko Yonchev

Господине Кадик, што очекувате Вие во однос на развојот на медиумската ситуација во Бугарија во иднина, односно каква помош може да бараат или да добијат од надвор новинарите или слободните медиуми, ако воопшто постојат такви во Бугарија?

Немам преголеми очекувања што се однесува до развојот на медиумските слободи во земјата. International Press Institute пред неколку дена испрати луто писмо до премиерот Бојко Борисов во кое бараат заштита на новинарите и поголема медиумска слобода во земјата. Од зачленувањето на Бугарија во ЕУ забележуваме перманентно тонење на медиумските слободи. Јас не гледам позитивен развој. Толку е лоша состојбата во земјата што Radio Free Europe повторно се враќа во Бугарија. Што може да се направи од европска страна е да се проверува каде одат европските средства за поддршка на медиумите, односно каде одат средствата за ПР на ЕУ, а од друга страна јасна определба на членките на ЕУ за медиумски слободи. Тоа значи и Бугарија евентуално да одговара. И третата и можеби најважна точка е да се создаде европска јавност. Случајот сега стигна до европската јавност и меѓународните медиуми, но повторно е оган од слама кој веќе следната недела може да е изгаснат и никој веќе да не се интересира за случувањата во Бугарија. Бугарија како членка на ЕУ и на Тројка и натаму мора да остане во фокусот на европската јавност, бидејќи инаку ништо нема да се случи во делот на медиумските слободи или борбата со корупцијата.

                                                                                                                           

Deutsche Welle Bulgarische Redaktion Alexander Andreev
Александар Андреев Александар Андреев е долгогодишен новинар и раководител на бугарската редакција на Дојче Веле.