Коѕиас: Името е предуслов за поддршка | Македонија | DW | 14.06.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Коѕиас: Името е предуслов за поддршка

Грција на новата владата во Македонија ѝ вети поблиски односи, но инсистира на решение на спорот за името пред да даде поддршка за членство на соседот во НАТО и ЕУ.

„Знаеме дека нашите соседи сакаат да се приклучат кон неколку регионални организации. Подготвени сме да им дадеме поддршка на нивните напори откако ќе биде решено прашањето на името. Тоа е предуслов“, изјави денеска во Атина грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас.

Тој по разговорите со македонскиот колега Никола Димитров, пред новинарите нагласи: „Мислам дека можеме да работиме на добар компромис од кој ќе добијат двете страни.“

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, е свесен дека претстојните разговори ќе бидат тешки. Проблемите се акумулирани, а ова е само прва средба, потенцираше шефот на македонската дипломатија, додавајќи: „Ние излеговме од тешки години, и цврсто сме решени, дури и независно од тоа дали ќе ни се отвори вратата кон европската иднина или не, да работиме на цврсти институции и на владеење на правото што ќе биде над волјата на политичарите, а не обратно.“

Димитров во Атина беше отворен: „Тука сум за да барам поддршка и помалку ми е важно кој ќе биде победник“.

Одговарајќи на прашањето на новинарите околу намерите на новата влада со спомениците од Скопје 2014, Димитров рече:

„Сакам да ве уверам дека сме фокусирани врз границите кои ги имаме, сакаме да си ја спасиме државата, премногу долго чекаме во чекалница во регион кој не е во моментов во идеална кондиција. Јас не сум од оние кои им придаваат значење на склуптурите, имињата, мислам дека тоа им наштети на нашите односи и им помогна на оние кои не сакаат да имаме добри односи."

DW.COM

Реклама