1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кошарка, ватерполо, фудбал

4 септември 2007

Германските кошаркари на Европското првенство во Шпанија стратуваа со победа против Чешка. Квалификации во ватерполо за Олимписките игри во Братислава. Германската фудбалска репрезентација в сабота против Велс:

https://p.dw.com/p/BbKB
Победа против Чешка благодарение на супер-ѕвездата НовицкиФотографија: AP

Тимот на супер-ѕвездата Дирк Новицки ја победи Чешка дури во продолжението со 83 спрема 78. Со 35 постигнати кошеви Новицки беше најдобриот играч на натпреварот:

„Добро е што победивме на стартот. Знам дека многу нешта не одеа добро. Настапивме со многу трема и особено во првото полувреме не ја игравме нашата игра. Ја загубивме самодовербата, па се одеше некако тешко, но на крајот заврши добро„.

Во Братислава се во тек квалификациите во ватерполо за Олимписките игри во Пекинг во идната година. Репрезентациите на Македонија и Германија се во истата група и се среќаваат токму денеска. Вчера, обете постигнаа победи. Македонија го совлада домаќинот Словачка со 10 спрема 8, додека Германија беше подобра од Романија: 10 спрема 7. Во оваа група уште играат Франција и Русија, а со по две победи водат германската и руската репрезентација. Во групата „Бе„ Црна Гора беше подобра од Словенија: победи со 19 спрема 4 и води на табелата со 6 бодови. Првопласираниот на овој трунир директно се квалификува за олимпијадата, додека оние од 2 до 6 место ќе настапат на дополнителниот турнир во Романија во март идната година.

В сабота во Кардиф нов сериозен тест за германската фубалска репрезентација. Овојпат не станува збор за спектакл без последици како оној на Вембли против Англија. Во квалификациите за Европското првенство идната година во Австрија и Швајцарија, избраниците на селекторот Јоахим Лев ќе играат против Велс во Кардиф за бодови. Лев овојпат може да смета и на засилен напад:

„Задоволен сум што повторно се враќаат некои играчи, посебно од нападот. Се враќа Миро Клозе, а тука се и Подолски и Гомез. Проблеми имам со средината, зашто Балак и Фрингс се уште не се фит, а Шнајдер поради жолти картони не смее да настапи. Имаме на располагање неколку дена што ќе ги искористиме за подготвки посебно на техничко-тактички план„ – оптимистички истакнува Лев.