Корона-кризата донесе глад во Холивуд | Свет | DW | 11.09.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Корона-кризата донесе глад во Холивуд

Многу Американци живеат од денес до утре. Во САД не постојат социјални, згрижувачки системи, како на пример во Германија. За сѐ повеќе луѓе бесплатното делење храна станува животно важно. Слика од Лос Анџелес.

Огромната купола потсетува на некој вселенски брод кој слетал на големо паркиралиште во Лос Анџелес. Тоа личи на Холивуд. Со децении филмската метропола беше фабрика за производство на соништа, која светот го воведуваше во други светови.

Новиот СоФи фудбалски стадион треба да чини пет милијарди долари. Тој е приватна инвестиција. На градилиштето врвулица од луѓе со жолти елеци. Човек речиси може да помисли дека со временска машина се вратил во пред-корона доба, да не се многуте кафеави картони на паркиралиштето. И долгите редици автомобили со отворени багажници кои чекаат да бидат товарени.

USA | NFL - SoFi-Stadion in Inglewood, Los Angeles (picture-alliance/Newscom/Images of Sport)

СоФи стадионот во Лос Анџелес

За еден момент, сѐ се промени

„Ноќе понекогаш морам да плачам. Затоа што моите деца гладни, со празен стомак заминале во кревет на спиење". Марија Рохас има 38 години. До неодамна таа и нејзиниот сопруг имале редовни приходи, со своите пет деца можеле да водат уреден живот. Помагале и оброците кои децата ги добивале во училиште. Сѐ додека тоа не било затворено поради пандемијата на коронавирус.

Повеќе:

Пет милиони Американци останале без здравствено осигурување

Коронавирус во САД: Кога човек не смее да се разболи

Пандемијата досега остави без работа 10 милиони Американци

Марија работела како фризерка, нејзиниот маж е едноставен занаетчија. Во март за еден момент сѐ се променило. Холивуд ги затвори вратите, туристите изостанаа, рестораните прекинаа со работа. Сѐ поголем број луѓе ги губеа работните места, речиси преку ноќ. Луѓето ретко можат во такви услови да си дозволат фризура, а поправките во домовите ги прават сами – или воопшто не вршат поправки. Марија и нејзиното семејство наеднаш останале без никакви примања. Само станарините во овој дел од САД останаа ужасно високи, Ковид-19 тука ништо не промени.

Нема чек од Доналд Трамп

Навистина, претседателот Доналд Трамп великодушно делеше чековиод повеќе илјади долари, во зависност од бројот и староста на децата, со свој личен потпис. Но само на семејства кои поднесле даночна пријава. Но, семејството Рохас пролетоска имало други грижи. Фактички, постои и помош за невработени од Вашингтон. Но, Марија и нејзиниот маж не знаеле како правилно да ги пополнат купиштата формулари, па затоа едноставно се откажале, вели таа.

Кога ова септемвриско утро се упати кон паркиралиштето на стадионот, чувствувала малку срам, вели таа. „Првпат одам на делење бесплатна храна за сиромашни." Таа го спушта погледот на воланот на сребрениот Хјундаи, кој видел подобри денови.

USA | DW Reportage | Armenspeisungen in Hollywood (DW/I. Pohl)

Четири пакети - храна за две недели за едно семејство

На едно семејство му следуваат четири пакети, тешки вкупно 36 килограми, со сирење, ориз, тестенини, грав, конзерви, замрзнато месо. Акцијата на делење е така речи војнички планирана, тука се професионалци кои се грижат автмобилите да се движат брзо и да се отвораат багажниците. Доброволци ги товарат пакетите, потоа доаѓа на ред следниот автомобил, без да се случи некој можен опасен контакт. И овде опасноста од зараза со корона се држи на најмало можно ниво.

Се зголемуваат повиците за помош

„Повиците за помош од гладни луѓе драстично се зголемени", објаснува Мајкл Флуд. Тој е раководител на регионалната институција за делење храна на сиромашни од Лос Анџелес. САД се навикнати на справување со катастрофи и помош преку делење храна во итни случаи. Но, толку лоша како сега ситуацијата во Лос Анџелес не била од светската економска депресија во 1929 година.

Michael Flood, CEO der Los Angeles Regional Food Bank (Getty Images/I. Akpanudosen)

Мајкл Флуд: За жал, во САД нема социјални системи како во Европа

„За жал, немаме социјални системи како во Европа", вели Флуд. Тука има уште многу да се направи на тој план, вели, но тој не сака да каже ништо повеќе околу претстојните претседателски избори.

Флуд сепак е благодарен што Министерството за земјоделство на САД толку брзо се вклучи во помошта и на многу фармери им ги откупи прехранбените продукти, кои инаку би скапувале, зашто многу ресторани и училишта се затворени. „Ние помагаме при распределбата на овие прехранбени производи и со добиените донации купуваме и дополнителна храна", раскажува тој.

Ова септемвриско утро траеше три часа додека да се поделат 9.000 пакети. Храна за околу две недели за 2300 семејства, велат организаторите. Пред пандемијата, неговата организација, со помош од други институции, обезбедувала со храна околу 300.000 лица во неволја месечно, вели Флуд, сега се во просек 900.000. „Сметаме дека нема наскоро да биде подобро", вели Флуд. „Којзнае, можеби ќе дојде и уште полошо", тивко дополнува. Секој втор жител на Лос Анџелес во меѓувреме е во финансиски тешкотии, вели Флуд, а тоа е територија со преку 13 милиони луѓе.

Реклама