Коронавирусот ги затвора границите на ЕУ | Свет | DW | 16.03.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Коронавирусот ги затвора границите на ЕУ

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска предложи државите членки на ЕУ да ги затворат границите за несуштински патувања, во обид да се спречи ширењето на коронавирусот

„Колку помалку патувања, толку повеќе ќе го ограничиме вирусот. Затоа им предлагам на шефовите на држави и влади да воведат привремено ограничување на не-есенцијалното патување во ЕУ“, рече Фон дер Лајен. Забраната ќе биде во сила за првичен период од 30 дена, и нема да важи за европејци кои се враќаат дома, за социјални работници или за оние кои работат од обете страни на границата. Од одлуката се исклучени оние кои имаат престој во земјите на ЕУ, пограничните работници, членови на семејства на државјани на ЕУ и дипломати. Патување ќе им биде дозволено и на сите превозници на стоки. 

Повеќе на темата: 

- Ограниченото движење и „мајката природа“ нема да го сопрат коронавирусот

- Трамп спушти рампа за патниците од Европа
Претседателот на Советот на ЕУ Шарл Мишел инсистира дека намерата на забраната е да се намали ширењето на болеста.

„Идејата е да се намалат движењата кои не се неопходни и да се гарантира движењето на стоки кои се неопходни“, рече Мишел.
Мишел официјално ќе им ја претстави мерката на лидерите на ЕУ на самитот во вторник кој ќе биде одржан преку видеоконференција.

Европа во меѓувреме, според Светската здравствена организација, стана епицентар на глобалната епидемија на коронавирусот. Неколку европски држави веќе унилатерално ги затворија границите или воведоа стриктни контроли, и покрај повиците од Брисел за заеднички пристап.Денеска преку видео-конференција заседаваат и министрите за финансии на Унијата во обид да утврдат финансиски пакет за стабилизирање на економијата.

DW.COM