Кои се критериумите на Вучиќ за избор на нов премиер? | Свет | DW | 15.05.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кои се критериумите на Вучиќ за избор на нов премиер?

Александар Вучиќ, откако е избран за претседател на Србија, решава кој ќе го замени на функцијата премиер. Дали воопшто постојат и кои се критериумите за тоа работно место?

Serbien Prsäidentenwahl Aleksandar Vucic in Belgrade (Reuters/A. Bronic)

Александар Вучиќ

Претседателските избори се завршени и српската јавност и медиумите сега имаат нова забава: шпекулации околу тоакој ќе биде нов премиер на местото на досегашниот, Александар Вучиќ. Сите очи се вперени во самиот Вучиќ, кој по традиција долга веќе пет години, кога станува збор за државни функции, ќе реши самиот кој ќе биде негов наследник. Се провлекуваат некакви информации за консултации во партијата, но јасно е дека изборот е во рацете на само еден човек. Српските медиуми наведуваат дека изборот засега е стеснет на четири имиња: Ивица Дачиќ, шефот на српската дипломатија, Ана Брнабиќ, министер за државна и локална управа, Никола Селаковиќ, бивш министер за правда и Милош Вучевиќ, градоначалник на Нови Сад. 

Вучиќ веќе го знае наследникот?

„Ако оваа кандидатска листа е точна и доколку потекнува од релеватни извори, мислам дека најголеми шанси да биде нов премиер можеби има Ана Брнабиќ“, оценува за Дојче веле Ѓокица Јовановиќ, социолог и универзитетски професор. „Некако ми изгледа дека таа во оваа конкуренција е најстручна во својата работа. Проблемот е што во нејзиното однесување не гледам никаков жар да се брани стручната автономија. Се разбира, морам да кажам дека секое предвидување кој ќе биде премиер е неточно, зашто во игра веројатно се и разни политички и други ангажмани.“ Јовановиќ притоа смета декаВучиќ веќе го има најдено својот заменик,но досега, по свој обичај, ја држи јавноста на тенок конец.

„Луѓето кои ги држат сите конци во свои раце во некоја организација и кои манифестираат авторитарни особини, однапред знаат на кого можат да сметаат и кого ќе поместат на кое место. Во таа структура сите места се поделени. Нема тука демократски преиспитувања, сето ова е мала претстава. Зашто, дел од авторитарниот механизам е држењето на јавноста во неизвесност и прашањето - што ќе направи главниот? Со тоа се засилува авторитетот кај граѓанството: ќе биде како што јас сакам, како што јас ќе решам, тоа е пораката која се испраќа,“ оценува Јовановиќ.

Serbien Reise von Nemanja Rujevic Regierung (DW/N. Rujevic)

Кој ќе се всели во премиерскиот кабинет?

Единствен критериум - лојалност

Аналитичарите веднаш по изборите истакнаа дека Вучиќ е во потрага по личност без премногу интегритет и автономија, која би претставувала само марионета на идниот српски претседател. Во тој смисол и се вели дека Вучиќ трага по свој Мирко Цветковиќ, кој беше премиер во времето на претседателствувањето  на Борис Тадиќ и остана познат главно по аминувањето на одлуките на Тадиќ.  

Новинарот Слободан Ступар мисли дека за Вучиќ најважен критериум е апсолутна лојалност и верност до крајни граници и дека освен тоа не постои никаков друг критериум: „Вучиќ ќе стане претседател и целата власт ќе премине во неговиот кабинет. Самиот премиер ќе биде обична фигура, можеби дури и многу поприземна отколку што тоа беше Мирко Цветковиќ. Идниот премиер нема да има ни милиметар автономија и неговата задача ќе биде единствено реализација на она што ќе бара Вучиќ од него.“

Осврнувајќи се на изборот од четири кандидати, Ступар вели дека мотивот за избор на Ана Брнабиќ за премиер би бил многу занимлив: „Мислам дека резонот на Вучиќ би бил следниот: сега светот ќе ме фали зашто избрав припадник на ЛГБТ-заедницата, зашто тоа досега го немало во Европа. Тоа би значело дузина убави честитки, простор во медиумите, луѓето би рекле - ете, гледајте ја Србија, такашто е можно да се случи такво нешто.“

Serbien Außenminister Ivica Dacic (picture alliance/AP Photo/D. Vojinovic)

Дачиќ - човек од доверба на Вучиќ?

Ивица Дачиќ - совршена марионета?

Интересно е што на листата на потенцијални кандидати повторно се најде името на Ивица Дачиќ, лидерот на Социјалистичката партија на Србија. СПС, би се рекло, води тивка битка против Српската напредна партија, постои размена на обвинувања и критики, па е изненадување што Дачиќ се појавува како човек од доверба на Вучиќ. Има и такви кои сметаат дека Дачиќ е сепак битна политичка фигура и тешко ги исполнува критериумите за потрчко на Вучиќ. 

Ѓокица Јовановиќ меѓутоа истакнува дека Дачиќ, како и досега, е совршен за марионета на Вучиќ: „Неговите досегашни искокнувања се повеќе од внатрепартиски интерес или поради претстава пред јавноста дека поседува нешто интегритет. Но, кога ќе се погледне неговата пракса, тоа е пракса на еден послушник, без оглед во чиј тим дејствува. Кај него досега не приметувам некој изразен индивидуализам или висок степен на автономија.“

Слободан Ступар исто така наведува дека Дачиќ и неговата партија сега станаа толку безначајни, што лидерот на СПС би се согласил на секаква можна улога само да не се раздели од власта: „Зашто, ако се симне од власта, лесно може да се случи да заврши на суд поради афери направени пред неколку години и поради тужби кои стојат заклучени во фиоки. А сопственикот на сите клучеви во оваа држава е Александар Вучиќ.“

Премиерот како тажна појава

Во владејачката коалиција тврдат дека не знаат кој ќе биде премиер, но сигурно знаат-тој нема да биде никаква марионета. Слободан Ступар истакнува дека оние што ова го зборуваат, ни самите не веруваат во своите зборови: „Затоа мислам дека единствен критериум за нов премиер е да биде апсолутно оддаден и непретприемчив. Вучиќ, како и што ќе го постави, ќе може лесно и преку ноќ и да го смени. Сето ова се претвора во фарса. На телевизија премиерот ќе го гледаме зад Вучиќ, тој ќе биде тука за да сослуша што има да каже Вучиќ и потоа да го реализира тоа и да го прераскажува со свои зборови. А тоа е прилично тажна ситуација за Србија и нејзините граѓани“, заклучува Ступар.

 

DW.COM

Реклама