Ковид-пасошите доаѓаат | Свет | DW | 17.03.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Ковид-пасошите доаѓаат

Доказот за вакцинација, негативен ПЦР-тест или прележан Ковид, ќе се викаат „Дигитален зелен сертификат“, а би требало да бидат признавани од сите ЕУ-членки, соопшти денеска претседателската на ЕК, Урсула фон дер Лајен.

Дигиталниот доказ за вакцинација, негативен корона-тест или прележан Ковид-19, треба да придонесат за постепено укинување на рестрикциите за патување, изјави денеска во Брисел претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Планираните сертификати треба да служат како доказ, а би требало да ги признаваат сите земји членки на Унијата. Европската комисија планираните докази за вакцинација ги нарекува „Дигитален зелен сертификат“. Тој би требало да важи и во дигитална форма и на хартија. Секој би требало да го добива бесплатно. Централната точка е кодот со кој би требало да се гарантира сигурноста и оригиналноста на сертификатот. Во него ќе може да се внесуваат информации за вакцини, резултати од ПЦР-тестови или брзи антигенски тестови, како и прележан Ковид-19.

Belgien EU Parlament Covid-19 Impfungen Ursula von der Leyen

Фон дер Лајен: Сертификатите треба да придонесат за постепено укинување на рестрикциите за патување

ЕК треба да развие техничка платформа со цел да се проверуваат и признаваат сертификатите од сите ЕУ-држави. На таа платформа, меѓутоа, нема да се внесуваат или разменуваат лични податоци, уверуваат од Комисијата.

Повеќе:

Многу пречки за воведување на ковид-пасоши во ЕУ

Ковид-пасошите во ЕУ доаѓаат налето?

Ковид-пасошите нова реалност од март?

Во основа, на секоја земја членка на Унијата би требало да ѝ се остави простор за одлука какви предности би давала за лица кои имаат ваков сертификат. Доколку земјата и натаму бара на пример карантин или тестови за лицата кои веќе имаат Ковид-пасош, тогаш тоа ќе треба да ѝ се образложи на Европската комисија и на останатите земји членки на ЕУ.

Сертификатите, кои според плановите треба да стигнат во употреба до лето, се важни за земјите кои се многу зависни од туризмот. Грција и Кипар веќе имаат билатерални договори со Израел за да привлечат туристи. Во Естонија и Полска за вакцинираните лица веќе сега има полабави правила за влез. Плановите на нордиските земји, пак, одат уште подалеку - тие сакаат со потврди за вакцинирање да овозможуваат и посети на ресторани и на манифестации.