1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Nord-Mazedonien Skopje | Besuch Olaf Scholz, Bundeskanzler | Dimitar Kovacevski, Premierminister
Фотографија: Government of North Macedonia

Ковачевски: Сите идентитетски прашања се заштитени

ДТЗ
1 јули 2022

„Се наоѓаме во многу поповолна позиција од порано. Одлуката за нашата иднина ќе ја донесеме сите“, рече Ковачевски на прес-конференцијата во Владатаx, на која присуствуваа сите коалициски партнери.

https://www.dw.com/mk/%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D1%87%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%81%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5%D1%82%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B0%D1%88%D0%B0%D1%9A%D0%B0-%D1%81%D0%B5-%D0%B7%D0%B0%D1%88%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-%D1%84%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%86%D1%83%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BB%D0%BE%D0%B3/a-62329386

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски по средбата со коалициските партнери во Владата, на коишто им го презентираше францускиот предлог за кревање на бугарското вето, порача дека земјата се наоѓа во многу поповолна позиција од претходно, а францускиот предлог е солидна основа за градење на сериозен, одговорен и државнички став во однос на преговорите со Бугарија.  

„Како влада се држевме до државните позиции во однос на преговорите со Бугарија, на што сме многу горди. Го штитевме македонскиот интерес и идентитет. Ги одржавме црвените линии, што е повеќе од јасно. Во европскиот предлог има позиции за целосно прифаќање на македонскиот јазик, како и Протоколот да не биде во преговарачката рамка. Нашата позиција за почнување на преговорите и Првата меѓувладина конференција е инкорпориран во предлогот доставен кај нас“, рече Ковачевски.  

„Одлуката за нашата иднина ќе ја донесеме сите“, рече Ковачевски на прес-конференцијата во Владата, на која присуствуваа сите коалицски партнери.  

Дилеми

Во однос на дилемата дали Бугарија го прифаќа ваквиот предлог, и дали станува збор за истиот или за нов документ, со оглед на тоа дека во бугарскиот парламент беше усвоена првичната верзија на договорот, Ковачевски е дециден дека сите идентитетски прашања се заштитени.  

„Бугарското собрание минатиот период донесе нова резолуција со која ја анулираше резолуцијата која беше многу рестриктивна за кревањето на ветото и тоа е нешто што овозможи да дојдеме до овој процес“, вели премиерот.  

Со оваа средба, тој најави дека започнува широк консултативен процес со претседателот, опозицијата, медиумите, граѓанските организации околу францускиот предлог којшто и беше доставен вчера во земјата.  

Конструктивност

Тој ја повика опозицијата на конструктивност во процесот. „Обврска на секој политичар е да мисли на генерациите напред, а не само на својата кариера. Лидерски концепт во политиката значи да знаете кога да кажете 'не'. Јас во Брисел кажав 'не' за нешто што сметавме дека не е добро. Сега дојдовме до решение за кое што сега разговараме. Сите политички фактори треба консензуално да се борат за подобра иднина на оваа држава. Ние не смееме да се изолираме“, рече Ковачевски. 

„Доколку се согласиме на овој пакет, тоа ќе подразбира и брзо започнување на сите процедури. Кога ќе се согласиме со преговарачката рамка, ќе биде свикана Првата меѓувладина конференција на која што ќе се разговара со понатамошните чекори“, вели вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ. 

Поддршка

Коалициските партнери во Владата предлогот треба да го презентираат пред своето членство и да изградат став во однос на него. Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) веќе се изјасни дека ја поздравува конструктивната улога на француското претседателство за изнаоѓање прифатливо решение за спорот на земјата со соседна Бугарија и цени дека предлогот даден во форма на идеи за решение е добра основа за завршување на спорот и за одблокирање на европскиот пат. 

Претседателот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски смета дека во францускиот предлог имало и позитивни работи и дека не треба целосно да се отфрла. Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, пак, побара и првиот и вториот предлог да бидат доставени од Владата за да се види во што е суштината на новиот променет предлог.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Москва Анексија Украина

Путин потпиша анексија на четири украински региони

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница