1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Nord-Mazedonien Skopje | Besuch Olaf Scholz, Bundeskanzler | Dimitar Kovacevski, Premierminister
Фотографија: Government of North Macedonia

Експертски тимови бараат прифатливо решение со Бугарија

ДТЗ
28 јуни 2022

Владата останува на ставот дека францускиот предлог во сегашната форма не е прифатлив. Доколку се изнајде прифатлив предлог од двете страни, тој ќе биде процесуиран во институциите на државата.

https://www.dw.com/mk/%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D1%87%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B5%D0%BA%D1%81%D0%BF%D0%B5%D1%80%D1%82%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%82%D0%B8%D0%BC%D0%BE%D0%B2%D0%B8-%D0%B1%D0%B0%D1%80%D0%B0%D0%B0%D1%82-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D1%84%D0%B0%D1%82%D0%BB%D0%B8%D0%B2%D0%BE-%D1%80%D0%B5%D1%88%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%B5-%D1%81%D0%BE-%D0%B1%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0/a-62289156

Експертски тимови на Северна Македонија и на Бугарија бараат прифатливо решение коешто ќе го тргне ветото и ќе го отвори патот кон ЕУ. Македонскиот премиер, Димитар Ковачевски вели дека засега нема нови моменти во однос на предлогот на француското претседателство со ЕУ за тргање на бугарското вето за евроинтегративниот процес, но дека разговорите продолжуваат на експертско ниво. 

Владата останува на ставот дека францускиот предлог во сегашната форма не е прифатлив. Доколку се изнајде прифатлив предлог од двете страни, тој ќе биде процесуиран во институциите на државата.

„Министерството за надворешни работи со своите експертски тимови разговараат со МНР во Бугарија. Во моментот кога ќе има прифатлив предлог од двете страни, тогаш тој предлог ќе може да биде ставен во институциите во Северна Македонија. Во овој момент таков предлог нема“, рече Ковачевски. 

Премиерот на прес-конференција во Брисел (23.06) по самитот ЕУ-Западен Балкан  го отфрли предлогот на француското претседателство како неприфатлив во сегашната форма, но остави простор за договор доколку се направат одредени измени. Тој ги постави црвените линии на државата - целосно признавање на македонскиот јазик, историските прашања да не бидат дел од преговарачката рамка и преговорите да почнат пред внесувањето на Бугарите во Уставот. Државниот врв изминатиов период побара и гаранции од ЕУ дека нема да има нови услови од Бугарија во иднина.  

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Димитар Ковачевски македонското Собрание

Огнени кочии

Mazedonien Ljupco Popovski
Љупчо Поповски
Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми

Врати се на почетната страница