Кнесетот го отвори патот за предвремени избори во Израел | Свет | DW | 27.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Кнесетот го отвори патот за предвремени избори во Израел

По повеќенеделната владина криза, израелскиот парламент гласаше да се самораспушти. Со тоа е отворен патот за предвремени избори. Премиерот Нетанјаху кој се наоѓа под сомнение за корупција, сака да продолжи на функцијата

Пратениците во Кнесетот изгласаа актуелниот состав на парламентот да се распушти и предвремените избори да се одржат на 9 април 2019 година. „За“ гласаа 102 пратеника, а двајца беа против во ова главно формално гласање. 

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, неделава објави дека ќе ја распушти својата коалиција и оти новите избори ќе се одржат 6 месеци порано отколку што беше предвидено.

Сега постои тримесечна изборна кампања, а испитувањата на јавното мислење покажуваат дека конзервативната партија на Нетанјаху, Ликуд, повторно ќе победи.

Нетанјаху (69) на функцијата премиер е речиси 10 години и ако повторно остане на функцијата би можел да го собори рекордот на првиот израелски премиер, таткото на нацијата Давид Бен Гурион со над 13 години.

Повеќе:

-Израел: Владината криза се чини засега е надмината

-Оставка на Либерман поради примирјето во Појасот Газа

Меѓутоа овие изгледи можеби нема да се остварат поради одлуката на врховниот обвинител на Израел дали да се подигне обвинение против Нетанјаху поради сомневање за корупција.

Израелскиот премиер се сомничи за низа случаи на корупција. Доколку биде обвинет ќе биде под притисок да се повлече, констатира АП.

Сегашната коалиција имаше само 61 од вкупно 120 пратеници по оставката на министерот за одбрана Авигдор Либерман во ноември.

 

DW.COM

Реклама